32.8 C
Скопје
15:09 - 8 септември, 2026

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Пејачката Наташа Беквалац често знае да се пошегува на своја сметка поради трите пропаднати бракови што ги има зад себе, а како што тврди, веќе со години нема маж покрај себе.

И членовите на нејзиното семејство знаат да се пошегуваат на сметка на нејзиниот љубовен живот, а нејзината мајка, Мира Беквалац, во една прилика истакнала дека не би ја поддржала ќерка си доколку посака да се омажи по четврти пат.

– Ма, нема шанси да се омажи,  ќе ја убијам. Би се откажала од неа ако се омажи по четврти пат. Мислам дека нема, доволно помина за да сфати дека не е жена за брак. Таа жена не е за брак, луѓе. Таа е за да биде сама, со своите деца, со работа, ако некој се вклопи – добро, ако не – пак добро. Таа не трпи форма, не трпи клише. Таа прави како што сака, а во брак мора да има правила на однесување. Не сака обврски, не сака некој постојано да е тука во станот, туку сама си го прилагодува и животот и децата и работата и сите нас – рекла Мира, која тогаш се вклучила во емисијата „Амиџи шоу“, каде што Наташа била гостинка.

Таа тогаш не ја поштедила ќерка си, па јавно открила и што најмногу ѝ замерува.

– Ѝ замерувам за тие халтери, сака да се разголува, градите да ги покажува, задникот да го покажува, а нема потреба. Луѓето веќе доволно виделе, повеќе од 20 години е на сцена и постојано тоа го гледаат, ајде да видат нешто ново. Песната сакам да ѝ ја пофалам, за облекувањето секогаш имам некоја забелешка, понекогаш и за пеењето, но таа вели дека така треба – кога веќе е снимено, тоа е тоа, но имам право да си го кажам мислењето – вели таа и открива како Наташа реагира на критики:

– Таа не прифаќа критика, знае да се сврти и да си замине, а ме прашува – кога веќе ме прашуваш, јас ќе ти кажам. Ѝ кажувам што не ми се допаѓа како гледачка, но и како мајка. Не сакам кога е провокативно облечена, но таа вели дека така мора.

 

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....