22:11 - 8 ноември, 2026

„Кога имаш свое шоу во шоу“: Маја Шупут ја шокираше јавноста со екстравагантното и смело издание

Хрватската пејачка Маја Шупут ја навикна јавноста на екстравагантни и смели модни изданија, но со својата најнова објава на Инстаграм, таа повторно успеа да се надмине себеси. Со фотографии од снимањето на популарното хрватско шоу Суперталент, таа предизвика вистинска бура на социјалните мрежи.

Маја позираше во трико обложено со кристали кои ја истакнуваа нејзината фигура, а целиот аутфит го воздигна со детали од црни пердуви и високи лакирани чизми. Сепак, најголемо внимание украде огромната, натопирана перика и драматична шминка со акцент на сини тонови. Таа доминираше на масата на судиите со својот смел изглед, а на една од фотографиите разиграно ја крена ногата во воздух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

„Кога имаш свое шоу во шоу. Се согласувам да бидам поинаква бидејќи најгледаната емисија Суперталент може да го поднесе тоа“, напиша Маја со објавата, јасно ставајќи до знаење дека нејзиниот стил е внимателно осмислен за да привлече внимание.

Објавата предизвика поделени реакции. Додека некои го пофалија нејзиниот тим и смелоста, други не криеја дека не им се допаѓа овој стил.

Како долгогодишен член на жирито, Маја стана заштитно лице на шоуто, а нејзините модни избори редовно се една од главните теми на секоја епизода. Во новата сезона, која започна да се емитува во септември 2025 година, се чини дека таа одлучи да биде похрабра од кога било.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....