09:48 - 4 септември, 2026

Маја Шупут и 19 години помладиот Шиме Елез веќе не се заедно: Секоја приказна има свој почеток и крај

Хрватската пејачка Маја Шупут откри дека нејзината врска со Шиме Елез е завршена, истакнувајќи дека веќе извесно време секој од нив живее свој живот. Пејачката во разговор за showbuzz.dnevnik.hr откри и детали од приватниот живот.

„Веќе извесно време секој живее во своја реалност. Знаете како е, секоја приказна има свој почеток и крај, а ние веќе некое време се приближивме до овој вториот дел. Еве, искрено сочувство до медиумите и порталите кои останаа без дневна доза шоу-бизнис вести“, изјавила Маја.

За романсата на Маја Шупут и Шиме Елез почна да се зборува во јули минатата година, откако беа објавени фотографии од нивното заедничко дружење на јахта, а подоцна и самите ја потврдија врската и често споделуваа заеднички моменти на социјалните мрежи.

Иако минува низ промени во приватниот живот, пејачката истакнува дека на професионален план не го забавува темпото. Во моментов, како што вели, целосно е посветена на новите проекти и подготовката на новата песна.

„Сега најголемата возбуда во мојот тим е новата песна. Ќе биде вистински летен хит и големо изненадување, бидејќи станува збор за дует. Можам да ви откријам дека песната се вика ‘Nedovoljno lep’. Веќе две недели работиме само на тоа – од организација до снимање спот, а деновиве почнува и самото снимање. Планот е песната да излезе до крајот на јуни и сите сме целосно посветени на тоа“, открила таа, пренесува Klix.ba.

По веста за раскинувањето Маја Шупут се огласи на социјалните мрежи, и тоа со видео што ги разнежни нејзините следбеници.

Пејачката објави симпатичен момент со синот Блум додека заедно уживаат во хотелски кревет, облечени во бели бањарки и со крпи на главите. Во опуштена атмосфера, мајката и синот грицкаа кроасан и овошје, а видеото брзо го привлече вниманието на обожавателите.

Слични објави

(Фото) Лазар Ристовски и Аница Лазиќ се венчаа – тој ја бакнува во челото, не ја тргаат насмевката од своите лица

Еспресо

Дневен хороскоп за 4 септември: Ве очекува ден исполнет со изненадувања

apostolova

(Фото) Лепа Брена како Меланија Трамп на крштевката на внуката, елегантна и гламурозна

Еспресо

(Видео) На крштевката на ќерката на Александра Пријовиќ и Филип недостасуваше важен член од семејството

Еспресо

Реља отворено за бракот со Николија: Ретко се заедно на сцена, но дома се неразделни

Еспресо

Кнез е пресреќен што стана дедо: „Раѓањето помина добро! Ова е нова емоција за мене!“

Еспресо
Се вчитува....