16:25 - 9 ноември, 2026

По 15 години брак, се разведе синот на Зорица Брунцлиќ, снаата открива: „Ми забрани да се збогувам со Зорица и Кемиш“

Во регионалните медиуми како бомба одекна веста дека синот на фолк-ѕвездата Зорица Брунцлик, Ѓорѓе Тутиќ, се разведува од сопругата Вања Тутиќ по цели 15 години поминати во брак.

Вања реши јавно да проговори за сè што се случувало зад затворени врати, откривајќи драматични детали од ноќта кога решила засекогаш да го напушти семејниот дом и што тогаш ѝ забранил нејзиниот поранешен сопруг.

„Му замерувам на Кемиш, но уште повеќе на Зорица како жена, што не почувствуваа потреба да ми се јават и да ме прашаат како сум по сè. Кој си замина? Кому му беше потешко? Јас сакав да им се јавам, но мојот сопруг не го дозволи тоа. Таа ноќ кога си заминував од куќата, сакав да отидам кај нив за да се збогуваме човечки. Му реков: ‘Ајде да отидеме да се поздравиме’. Сакав да ги прегрнам, да им кажам дека и понатаму ќе се слушаме и ќе останеме во контакт… Но, тој ми рече: ‘Немој, знаеш дека мама ќе плаче, ќе има прилика, ќе разговарате’. Таа прилика никогаш повеќе не се случи“, искрена е Вања во изјавата за телевизијата „Hype“.

„Ме шокираа приказните дека сум го изневерила со Аца Лукас“

Покрај семејната драма, во јавноста брзо се раширија гласини дека нивниот брак пукнал поради наводна афера на Вања со познатиот фолкер Александар Вуксановиќ – Аца Лукас. Поранешната снаа на Зорица Брунцлик најостро ги демантираше овие чаршиски муабети, истакнувајќи дека нивната релација е исклучиво деловна.

„Мене тоа тотално ме шокираше. Сфаќам јас сè, бидејќи и мојата работа е да се бавам со туѓи животи, но ова е чиста глупост! Неизмерно го почитувам Аца и му се восхитувам. Него го сакаат жените, шармантен е, духовит и е најголема музичка ѕвезда, но ние едноставно работиме во иста фирма. Лукас издава за продукцијата за која јас работам и сме се сретнале многу пати. Станавме добри колеги, јас сум одела на негови настапи и деловно и приватно, па сосема нормално е да му пријдам и да го поздравам. Мислам дека некој ова намерно го искористи за да ми нанесе штета“, изјави Вања за списанието „Svet“.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....