22:11 - 6 ноември, 2026

(Фото) Бујно деколте на зајдисонце: Еве каде ужива Ирена Спасовска

Фолк- пејачка Ирена Спасовска уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста и да ги „запали“ социјалните мрежи.

Новата објава на нејзиниот Фејсбук профил е чист доказ дека со текот на годините, таа изгледа сè подобро.

Како што е веќе добро познато, Ирена поседува сопствен стан во Охрид, па секој слободен викенд и сончев период го користи за да ужива покрај езерото.

„На зајдисонце“, напиша кратко пејачката во описот на новата фотографија, позирајќи во прекрасен амбиент со поглед кон езерското синило и зајдувањето на сонцето. Она што веднаш паѓа во очи е нејзиниот стајлинг. На фотографијата, Спасовска позира во елегантна црна комбинација со проѕирни ракави, која во прв план го става нејзиното бујно деколте. На сликата убавина ѝ даваат и дискретната шминка, собраната коса коса и бисерно ланче.

Фото/Фејсбук

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....