02:48 - 4 ноември, 2026

Весна Ѓогани за брачните проблеми: „И кај нас има денови кога врне дожд, не е сè идеално“

Познатата српска пејачка Весна Ѓогани отворено проговори за својот приватен живот, долгогодишната кариера и односот со сопругот Ѓоле Ѓогани, со кого веќе со децении го сочинува еден од најпознатите и најстабилните естрадни парови во регионот.

Зборувајќи за работата и настапите, таа за српските медиуми истакна дека публиката секогаш ги препознава трудот и песните кои траат со децении, но се осврна и на моменталната криза на естрадата.

„Нè следи епитетот дека работиме од викенд во викенд. Нашите помлади колеги кои денес работат послабо, сите се уплашени – голема е кризата, а и овие војни во светот направија хаос. Ние зад себе имаме 25 години кариера и многу песни кои траат, па помладата публика навистина го сака тоа. Постојат многу мои колеги кои се вообразени, па луѓето пак ги сакаат, но мислам дека тоа не влијае на публиката. Таа едноставно или те сака, или не те сака. За некој да трае, мора да го има тој ‘Икс-фактор’. Тоа е тајната на успехот. А Ѓоле, попатно, е и одличен менаџер“, изјави Весна.

Пејачката искрено се осврна и на својот брак со Ѓоле, нагласувајќи дека нивниот однос воопшто не е без недоразбирања, но дека сите проблеми ги решаваат со отворен разговор.

„Има денови кога и кај нас врне дожд, исто како што има и убави денови. Постојат кавги, како и кај сите останати во бракот. Ние на Балканот сакаме сè да туркаме под тепих и пред луѓето и јавноста сè да прикажуваме како идеално, но реалноста е поинаква. Проблемот во бракот мора веднаш да се реши“, децидна е таа.

На прашањето за поранешната сопруга на Ѓоле, пејачката Слаѓа Делибашиќ, која неодамна изјави дека Весна ѝ е „смешна“, таа кратко порача дека нема намера да влегува во понатамошни јавни полемики.

„Не би ја коментирала неа, ниту тоа што рекла дека сум смешна. Тоа не го коментирам, секој има право да мисли што сака. Мене ништо не ме погадува, ниту мене, ниту Ѓоле. Кај нас нема простор за погрешен впечаток кај луѓето, бидејќи ние на социјалните мрежи сме буквално исти онакви какви што сме и во приватниот живот. Затоа луѓето веќе со ништо не можат да се изненадат кога сме ние во прашање“, заклучи Весна за српските медиуми.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....