33.8 C
Скопје
16:08 - 9 септември, 2026

Лепа Брена отворено за приватните проблеми: „Ниту еден брак не е идеален, па не беше ни мојот. Живееме на Балканот. Мора да им дадете на мажите одреден приоритет“

Пејачката Лепа Брена, која со децении е позната во регионот по својот стас и глас, проговори за приватни работи за express.ba. Брена во таа прилика изјави дека и нејзиниот брак не бил идеален и дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ имале подеми и падови.

Разкажала дека во одредени моменти не и било лесно и дека нејзиниот семеен живот не се разликува многу од живото на останатите семејства, нагласувајќи дека меѓу неа и сопругот доаѓало до конфликт на мислења.

„Ниту еден брак не е идеален, па не беше ни мојот. Доаѓаше до конфликт на мислења, како и во секој брак. Сепак живееме на Балканот. Во секој случај, мора да им дадете приоритет на мажите. Од друга страна, добро знаеме дека мажите се воспитувани да имаат приоритет во сè и сакаат да се фатат за некои „брзи возови“, всушност за некои жени како мене. Индивидуални и самостојни. Отсекогаш знаев да се изборам“, истакна таа, а потоа додаде дека синовите секогаш ги воспитувала да го почитуваат женскиот род.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Покрај тоа, таа откри како ги решавала споровите со нејзиниот сопруг и зошто компромисот бил и останува клучна алка во нејзиниот однос со Боба.

„Сите проблеми ги решаваме со разговор. Сепак, имаме деца и семејство и во наш заеднички интерес е многу важно е да изброите до десет. Простував и броев затоа што веќе не се работи само за нас, туку и децата. Единственото нешто што никогаш не сум дозволила е да преминам одредена граница, каде што сопружниците меѓусебно си го уништуваат интегритетот и достоинството. Тоа е нешто што никогаш не го дозволувам. Мора да има компромис, го правиме заради децата и не креваме тензија кога нема потреба. Тие не треба да страдаат поради нашите кавги. Тврдам дека без договор и компромис не може да опстане ниту еден брак, па ни мојот“, искрено изјави Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.
Се вчитува....