17:43 - 31 март, 2026

Кралскиот биограф објасни зошто Чарлс Трети молчи за книгата на Хари: „Има добра причина да се плаши од својот син…“

Кралскиот биограф и писател Том Бауер напиша колумна за Дејли Меил објаснувајќи зошто кралот Чарлс Трети од Велика Британија на никаков начин не реагира на нападите на неговиот најмлад син Хари.

Авторот на книгата „Одмазда: Меган, Хари и војната меѓу Виндзор“, Том Бауер, изјави дека кралот Чарлс Трети замижува пред лудориите на принцот Хари, затоа што се плаши од објавување на уште поскандалозни информации во јавноста.

„Никој не знае подобро од Чарлс дека Хари едвај ги допрел приказните во книгата кога станува збор за бракот на неговиот татко со принцезата Дијана, неговиот тежок однос со сопствените родители и неговата прељубничка врска со Камила. Исплашениот крал знае дека има добра причина да се плаши од својот син“, напиша Том Бауер.

Според кралскиот биограф, молчењето на Чарлс III може да се објасни и со чувство на вина.

„Тој е доволно самосвесен за да разбере дека по смртта на Дијана, тој не беше татко каков што требаше да биде“, рече Бауер.

Во Бакингемската палата, според писателот, се загрижени поради конфронтацијата на кралот со неговиот најмлад син и откривање на нови вистини.

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....