22.8 C
Скопје
14:08 - 28 септември, 2026

КОРТНИ КОКС ја продала куќата бидејќи верувала дека во неа има духови

Актерката Кортни Кокс на гостувањето во шоуто на Џими Кимел раскажа страшно искуство, после кое решила да ја продаде својата куќа во Лос Анџелес, пренесува People.

„На почетокот не верував дека верував“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали некогаш видела дух.

-Старата сопственичка на куќата дојде кај мене и ми кажа дека во таа куќа се случил развод кој завршил многу лошо и дека во куќата има дух. Си помислив: „Да, сигурно“. Но, други луѓе кои биле во таа куќа, мои пријатели, ми кажаа дека виделе жена која седела на работ од креветот – изјавила актерката.

Иако не им верувала, 57-годишната Кортни не останала рамнодушна на тие изјави. Во една прилика многу се исплашила, кога кај неа дошол поштарот и и рекол нешто навистина морничаво.

– Бев во куќата еден ден, не верував баш во тие паранормални работи. Слушнав дека некој ме вика. Тоа беше поштарот. Ја отворив вратата и тој одеднаш рече: „Дали знаеш дека оваа куќа е опседната?“. Реков: „Да, зошто? Зошто мислиш така?“ Потоа го покажа прстот зад мене и ми рече: „Затоа што некој стои зад тебе“. Тоа беше моментот кога реков дека е доволно и дека ја продавам таа куќа – рече таа.

Корни рече дека после тоа никогаш повеќе не можела да спие сама во таа куќа, а набргу по инцидентот ги спакувала работите и се преселила.

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – Во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....