12.8 C
Скопје
01:11 - 16 мај, 2024

Колегите во шок поради дијагнозата на Брус Вилис, меѓу првите поддршка му даде Силвестер Сталоне

Силвестер Сталоне е меѓу првите колеги кои ја коментираа болеста на Брус Вилис, а на Инстаграм објави трогателна порака.

На Брус Вилис му е дијагностицирана афазија поради што се повлече од актерството, а неговото семејство ја потврди веста на Инстаграм. Многу негови колеги се огласија во врска со неговата болест со изјави дека се молат за негово оздравување, а меѓу првите за тоа јавно проговори Силвестер Сталоне.

Се знаеме долго време. Се молам за тебе и за твоето прекрасно семејство“, напиша легендарниот актер на социјалните мрежи. 75-годишниот Сталоне објави низа нивни фотографии заедно со пораката.

Сталоне и Вилис се појавија заедно во филмскиот серијал „The Expendables“, поради што првпат се скараа во јавност. Се се случи откако Вилис одби да се појави во третото продолжение со изговор дека не се договорил за хонорарот со продуцентите, па беше заменет со актерот Харисон Форд. Сталоне потоа му испрати навредлива порака на Вилис, но лутината не го држеше долго и за кратко време изјави дека тие сепак се долгогодишни пријатели.

Режисерот М. Најт Шјамалан му даде поддршка на Вилис на Твитер. „Чувствувам голема љубов и почит кон мојот голем брат Брус Вилис. Знам дека неговото семејство му дава сила и поддршка. Тој секогаш ќе биде херојот од постерите што беа залепени на мојот ѕид кога бев дете“, напиша тој.

Веста за болеста ја објави неговото семејство преку официјалниот инстаграм профил на поранешната сопруга на Брус, Деми Мур.

„Со неверојатните обожаватели на Брус, како семејство сакавме да споделиме дека нашиот сакан Брус има здравствени проблеми и неодамна му беше дијагностицирана афазија, која влијае на неговите когнитивни способности. Како резултат на тоа, Брус се повлекува од кариерата која многу му значи. Ова е многу предизвикувачки период за нашето семејство и ја цениме вашата постојана љубов, сочувство и поддршка. Поминуваме низ ова како силна семејна заедница и сакаме неговите фанови да бидат известени за неговата состојба бидејќи знаеме колку ви значи тој, но и вие нему. Како што Брус секогаш вели, „живнете“, заедно планираме да го направиме токму тоа“, стои во соопштението потпишано од Деми Мур, неговата нова сопруга Ема Хеминг Вилис и ќерките Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Денес ја испраќам сета моја љубов кон вашето семејство“, напиша ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер, Ајрланд Болдвин. „Испраќам љубов и сила на вашето прекрасно семејство“, додаде моделот Хелена Кристенсен. Бројни колеги коментираа и му дадоа поддршка на семејството на Вилис, меѓу кои и Синди Крафорд, Џулијан Мур и Рита Вилсон.

Афазија е нарушување на јазикот и говорот предизвикано од различни оштетувања на мозокот. Луѓето со афазија покрај говорните потешкотии често имаат потешкотии со голтањето, моториката, аритметиката, како и со просторната и временската ориентација.

Каква болест всушност има БРУС ВИЛИС: Еве што значи АФАЗИЈА и како се манифестира

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ со радосна вест: „Луѓе, успеавме! Сега, одиме понатаму!“

еспресо

Луна му прости сè на Марко: По драмата со соседите, Ѓогани објави нова фотографија

Еспресо

Почина Вики Икономова, сопругата на пејачот на „Меморија“

Еспресо

(Фото) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ објави фотографија од свадбата со трогателни зборови, а тој не го трга погледот од неа

Еспресо

(Видео) Уметнички дела од 15 век, луксузен мебел: Ова е станот во кој Миша Гроф не ѝ дозволува на Николина Пишек да влезе

Еспресо

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

еспресо
Се вчитува....