13:10 - 7 ноември, 2026

Цеца ќе ја реновира вилата на Кипар: Вложува богатство за да си направи вистински рај од 400 м2

Српската фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно ја реновира својата луксузна вила во Аја Напа на Кипар и прави луксузен спа центар. На последниот кат ќе бидат сместени помал базен, две џакузи и соба за масажа.

Како што пренесуваат српските медиуми, Цеца наводно вложила многу пари за нејзината вила од 400 метри квадратни да биде вистински мал рај.

Сепак, решила да го остави базенот во дворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

– Огромен е и целото семејство може да плива во него. Вељко и Анастасија обожаваат да се капат и да се сончаат овде, а откако Цеца го доби внукот Жељко, најмногу се дружи со него во базенот. Сепак, бидејќи дворот е простран, таа ќе додаде уште едно џакузи покрај базенот – открива изворот за српските медиуми.

– На приземјето ќе има огромна дневна соба со камин, бидејќи Цеца сака да ја посетува куќата и во зима, а не само во текот на летото, како досега. На катот секоја спална соба ќе има своја бања по реновирањето. Вилата ќе има и вграден лифт – вели извор за Информер и додава дека Ражнатовиќ е целосно посветена на уредувањето на величествената вила.

– Цеца не сака ништо да препушти на случајноста. Веќе со недели прелистува каталози и избира плочки, паркет, столарија, ексклузивен мебел… Сето тоа ќе има време да го купи до крајот на летото, бидејќи работите ќе почнат наесен. Дотогаш ќе добие уште некои градежни дозволи кои и се потребни.

Наводно Цеца ја ангажирала компанијата на нејзината кума и колешка Вики Миљковиќ да ја реновира вилата на Кипар. Целиот концепт двете го смислиле заедно, а во се им помогнала и сестрата на Цеца, Лидија Оцокољиќ.

 

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....