12.8 C
Скопје
03:35 - 10 мај, 2024

Која е Џенифер Флавин, третата сопруга на Силвестер Сталоне од која сега се разведува: актерка чија кариера беше осудена на пропаст во сенката на Роки

Џенифер Флавин е трета сопруга на Силвестер Сталоне, и таа поднесе барање за развод по 25 години брак. Помалку е позната по својот проблематичен живот со актерска кариера, зашто секогаш е во сенката на Роки.

Џенифер Флавин, сопругата на Силвестер Сталоне, поднесе барање за развод од сопругот по 25 години брак. Флавин (54) поднела документи за „раскинување на бракот“ во петокот во округот Палм Бич, според онлајн судските записи.

Сталоне и Флавин се венчаа во 1997 година и имаат три ќерки: Софија (25), Систин (24) и Скарлет (20).

Родена на 14 август 1968 година во Лос Анџелес, Џенифер Флавин е американска бизнисменка и поранешен модел. И покрај тоа што беше во шоу-бизнисот, и се обиде да биде глумица, жената остана позната само како сопруга на популарниот американски актер, режисер и филмски продуцент Силвестер Сталоне.

Џенифер Флавин се омажи за Силвестер Сталоне десет години откако заврши неговиот брак со Брижит Нилсен. По студиите, Џенифер Флавин ја започнала својата манекенска кариера и се појави на насловната страница на неколку списанија во САД, Обединетото Кралство, Шпанија, Франција и Австралија. Потоа таа беше заштитно лице на неколку рекламни кампањи, а потоа учествуваше во многу филмови – но сепак, никој не ја знае како глумица! Џенифер Флавин е исто така ко-основач на Serious Skin Care, компанија за козметички производи.

Ѝ напишал писмо од шест страници

Флавин го запознала Силвестер Сталоне во 1988 година во ресторан на Беверли Хилс. Почнале да се забавуваат, но на крајот се разделија во 1994 година, кога друга жена со која се забавуваше Сталоне (Џенис Дикинсон) роди ќерка која се веруваше дека е негова. Силвестер Сталоне ја известил Џенифер Флавин за раскинувањето со неа во потресно писмо од шест страници. Кога преку ДНК дознал дека бебето не е негово, ја прекинал врската со Дикинсон и се смирил со Џенифер Флавин.

Граѓанската и верската венчавка се одржаа на 17 мај 1997 година. Двете церемонии се одржаа во хотелот Дорчестер во Лондон и во палатата Бленхајм во Оксфордшир. Двојката има три ќерки.

Силвестер Сталоне има уште две деца од претходната врска со неговата прва сопруга Саша Чак: Сејџ Мунблуд Сталоне и Сеаргео Сталоне. Сејџ почина во 2012 година на 36-годишна возраст од срцеви заболувања. Сеаргео, од друга страна, е аутист, дијагностициран уште кога бил дете.

Според Tmz, токму Флавин (54) поднелa барање за развод во судот на округот Палм Бич во Флорида. Двојката ја започна својата долга врска во 1988 година, а потоа се венча во 1997 година и има три деца: Софија, 25; Систина, 24 години; и Скарлет, 20.

Во досието презентирано пред судот од жената, може да се прочита дека „бракот е непоправливо нарушен“ и дека Силвестер Сталоне „се занимавал со намерно растурање, исцрпување и/или трошење на брачните средства, што има негативно економско влијание врз брачно наследство“.

Дополнително, Флавин приложила и барање за компензација за да го спречи нејзиниот сопруг да „продава, пренесува, доделува, оптоварува или отуѓува каков било имот додека трае постапката“.

Во меѓувреме, врз основа на досегашните гласини, неколку дена пред официјализирањето на раскинувањето, ѕвездата на Роки ја отсрани тетоважата на неговиот бицепс која го прикажуваше лицето на неговата сопруга и ја покри со ликот на неговото куче Буткус. Во меѓувреме пак, Флавин постираше на инстаграм фотографија на која позира со ќерките проследена со написот – „девојките (мислејќи на ќерките) се мој приоритет“.

Сопругата на Сталоне поднесе барање за развод: еве ја причината наведена во судот

Слични објави

(Фото) Масовни протести во Шведска поради Израел на Евровизија: Инцидент на пробата на претставничката Еден Голан

Еспресо

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ воодушеви со слика од домот: Емотивната глетка ги разнежни сите!

Еспресо

Крис Џенер откри дека има рак: „Ми најдоа циста и мал тумор…“

Еспресо

(Видео) Пред и по 34 години! Легендарната Тајчи го облече евровизискиот фустан од 1990 година и ја запеа „Ајде да лудуваме“!

Еспресо

(Видео) Се појавија први снимки од Анастасија Гудељ и нејзината золва: Еве каков е нивниот однос

Еспресо

(Фото) Бејби Лазања ја покажа свршеницата и куќата што ја градат

Еспресо
Се вчитува....