07:03 - 29 ноември, 2026

Која е девојката на победникот на Евровизија, небинарниот Немо: „Немаме никакви родови очекувања еден од друг“

Немо Метлер, победникот на овогодинешната Евровизија, се уште е главна тема во јавноста, не само поради песната и интересниот аутфит и изведба, туку и поради неговата сексуална ориентација и промоција на небинарни луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemo (@nemothings)

Немо на крајот на минатата година „излезе“ јавно, односно откри дека е небинарен на Инстаграм:

– Не се идентификувам како маж или жена. Јас сум само Немо.

Инаку, тоа прво ѝ го призна на својата партнерка за која не се знае многу во јавноста. Познато е дека тие се заедно пет години.

– Знаев дека можам целосно да ѝ верувам. Таа веќе беше чувствителна на таа тема и знаев дека ме сака – рече Немо.

– Не требаше многу труд за да ѝ се отворам – додаде тој.

Инаку, Метлер во 2022 година се декларирал како пансексуалец, односно како личност која се заљубува во луѓе, а не во нивниот пол, а споменатиот портал пишува дека го привлекуваат жени, мажи и небинарни луѓе.

Инаку, по признанието ништо не се сменило во нивната врска.

– Нашата врска воопшто не се заснова на никакви примери. Ние сме само две лица и немаме никакви родови очекувања еден од друг, а никогаш не сме имале.

Сепак, не е познато дали Немо е сè уште со неа бидејќи во интервју пред Евровизија изјави дека „љубовта не постои“.

– Шегата на страна, тоа сè уште го чувам за себе – рече тогаш Немо.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....