15:52 - 25 ноември, 2026

„Ме посетува“: Кортни Кокс „разговара“ со покојниот Метју Пери

Метју Пери почина ненадејно во октомври 2023 година. Актерот имаше 54 години.

Американската актерка Кортни Кокс призна дека „разговара“ со покојниот Метју Пери по неговата смрт во октомври 2023 година. Ѕвездата на „Пријатели“ зборуваше за ова во интервју за CBS „Sunday Morning“.

Кокс истакна дека блискиот контакт меѓу неа и нејзиниот покоен колега продолжил и по неговата смрт.

„Толку сум благодарна што толку блиску работев со него, тој често ме посетува и разговарам со мајка ми, татко ми, и со Метју“, признала ѕвездата на екранот.

Кортни на своите социјални мрежи прикажа извадоци од култниот ситком „Пријатели“ чија последна епизода беше објавена пред 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Courteney Cox (@courteneycoxofficial)

Метју Пери беше пронајден мртов во топло џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес на 28 октомври 2023 година.

Во хит серијата „Пријатели“, Кортни Кокс (Моника Гелер) и Метју Пери (Чендлер Бинг) глумеа пар кој подоцна се венча.

Летни среќници: Два хороскопски знаци кои ќе направат многу пари ова лето

 

Слични објави

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.

(Фото) Кристина Арнаудова се потсети на младешките денови со сопругот: „Една убава битолска пролет“

Еспресо
Се вчитува....