20.5 C
Скопје
07:06 - 20 јуни, 2026

Кои витамини ви недостасуваат ако кожата ви пука, имате грчеви или ви опаѓа косата?

За да бидете сигурни дека јадете здраво и дека внесувате доволно хранливи материи во вашето тело, слушајте си го телото. Ако забележите одредени промени во вашата кожа, вашето тело се обидува да ви „каже“ дека ви недостасуваат витамини или минерали. На овие промени треба да обрнете внимание.

Пукање на кожата на рабовите на усните – ви недостасуваат: железо, цинк и витамини од групата Б, како што се витамини Б3, Б2 и Б12. Ова е вообичаено кај вегетаријанците, бидејќи тие поради начинот на исхраната често не добиваат доволно од спомнатите супстанции

Решение: Јадете повеќе блитва, кикирики, мешунки како леќа, месо од живина, лосос, туна, јајца, школки и ракови. Апсорпцијата на железо е интензивирана со витаминот Ц, кој исто така, помага во борбата против инфекцијата. Комбинирајте ги овие намирници со зеленчук како брокула, црвени пиперки, кељ и карфиол.

Црвен осип на лицето (а понекогаш и на други места) и опаѓање на косата, ви недостасуваат: витамин Б7, познат како витамин за косата. Ако јадете сурови јајца, тоа ве прави ранливи бидејќи протеинот присутен во сурови јајца, наречен авидин, ја инхибира способноста на организмот да апсорбира биотин.

Решение: Јадете повеќе варени јајца (готвењето го деактивира авидинот), лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, ореви, малини и банани.

Црвени или бели промени на кожата слични на акни, обично на лицето, рацете, бутовите и задникот, ви недостасуваат: есенцијални масни киселини и витамини А и Д.

Решение: Јадете повеќе лосос и сардини, јаткасти плодови како што се оревите и бадемите и семки од лен. За витамин А, јадете повеќе зеленчук како моркови, сладок компир (батата) и црвени пиперки. Овој зеленчук содржи многу бета-каротен, кој телото го користи за да го добие потребниот витамин. И само 10 минути на сонце ќе ви помогнат да добиете витамин Д.

Трнење и пецкање во рацете, нозете или каде било во телото, ви недостасуваат: витамини од групата Б, како што се фолната киселина (Б9), Б6 и Б12. Овој недостаток е директно поврзан со периферните нерви. Наведените симптоми може да се појават и во комбинација со анксиозноста, депресијата, анемијата, заморот и хормоналната нерамнотежа.

Решение: Јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, грав, јајца, школки, ракчиња и месо од живина.

Грчеви во мускулите, прободувачка болка во прстите, зглобовите, лаковите на стапалата, нозете и грбот, ви недостасуваат: магнезиум, калциум и калиум. Ако редовно вежбате, може да изгубите повеќе минерали (и витамини од групата Б кои се растворливи во вода) поради силното потење.

Решение: Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, тиквички, цреши, јаболка, грејпфрут, брокула, зеленчук со темни лисја како кељ и спанаќ.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо

(Фото) Вистинската елеганција никогаш не поминува незабележано – совршениот фустан ве чека во бутикот „Прагма“

Еспресо
Се вчитува....