12.8 C
Скопје
20:54 - 18 октомври, 2026

„Кога некој ќе те запре, посвети му две минути, никогаш не знаеш дали е во неволја или е будала“: Легендарниот Ибрица Јусиќ ја отври душата во „Човек без кафуле“

Легендарниот дубровнички кантавтор и музичар Ибрица Јусиќ (80) викендов одржа концерт во неговиот роден град на скалите на црквата „Свети Влах“. Публиката го слушаше со одушевување, а неговото куче Симба, кое е со него од 2020 година, му го „чуваше грбот“ на сцената.

Во неговата 60-годишна кариера, неразделни пријатели без кои ретко се појавувал му биле неговите кучиња. Пред Симба, повеќе од 11 години делел среќа и тага со кучето Бонд, а пред тоа имал шкотски овчар, Арчи.

Неодамна е објавена неговата биографија „Човек без кафуле“ во која Ибрица открива на какви мудрости го научила неговата мајка, зошто поминал десет дена во париски затвор и каков однос има со својот син Кристијан и внуката Селин.

–Мајка ми ми велеше: „Сине, кога некој ќе те запре, посвети му две минути, бидејќи никогаш не знаеш дали некој е во неволја или е будала. А од тебе зависи да процениш со кого си имаш работа за две минути – раскажа господинот Јусиќ во интервјуто за Gloria.

Откри и дека еден од најтешките настани во животот и кариерата му биле десетте дена во париски затвор каде што завршил под лажно обвинение за кражба на шише виски од тамошна продавница.

-Се сеќавам, имав малку заштеда, 50 франци, и отидов во продавница да купам виски за да го почестам друштвото по повод мојот роденден. Откако платив, се сеќавам, касиерката која веројатно ме препозна и ме поздрави на српски – го стави вискито во хартиена кеса. Претпоставив дека сметката е внатре и се упатив најнормално кон излезот. Веднаш ме запреа двајца од обезбедувањето и ме замолија да ја отворам кесата, во која немаше сметка. Никогаш повеќе не ја видов таа жена во таа продавница, подоцна поврзав дека ова ми беше наместено затоа што претходно одбив да пеам во српско кабаре во Париз. На крајот, работите беа разјаснети на суд: бев ослободен и добив отштета од околу 15 илјади франци – раскажа Јусиќ.

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....