13.8 C
Скопје
09:56 - 27 април, 2024

Илон Маск и Зеленски се скараа на Твитер по анкетата за инвазијата: Кој Илон Маск го преферирате?

Во една од понеобичните вести во врска со руската анексија на четири украински региони, американскиот милијардер Илон Маск предизвика онлајн расправија со украинскиот претседател откако побара од корисниците на Твитер да гласаат за неговите идеи за ставање крај на инвазијата.

Во неговата објава Маск предложи избори во окупираните региони под надзор на Обединетите нации, Крим да остане официјално дел од Русија како што беше од 1783 година (до грешката на Хрушчов), да се обезбеди водоснабдување на полуостровот и Украина да остане неутрална.

„Русија ќе замине ако тоа е волјата на народот“, додаде тој.

Првиот човек на Тесла побара од корисниците да гласаат „за“ и „против“ неговата идеја. Но, неговата иницијатива ги разбесни Украинците, па реагираше и Володимир Зеленски, кој постави своја анкета.

„Кој Илон Маск го преферирате?“, праша тој во објавата, нудејќи два одговори: „оној што ја поддржува Украина“ или „оној што ја поддржува Русија“.

Украинскиот амбасадор во Германија, Андриј Мелник избра трет одговор.

„Од**и е мојот многу дипломатски одговор за Илон Маск“, напиша Мелник.

И други европски лидери се спротивставија на предлогот на Маск, објави Гардијан.

„Драг Илон Маск, кога некој се обидува да ги украде тркалата на твојата „тесла“, тоа не го прави законски сопственик на автомобилот или на тркалата. Иако и двајцата го тврдат тоа. Само кажувам“, напиша во објавата литванскиот претседател Гитанас Наузеда.

Михајло Подољак, советник на украинскиот премиер Володимир Зеленски, му одговори на Маск со, како што напиша, подобар мировен план, според кој „Украина ги ослободува своите територии, вклучувајќи го и анектираниот Крим“. Според Подољак, во Русија треба да се изврши демилитаризација и задолжителна денуклеаризација, за да не може повеќе да биде закана за другите, а воените злосторници да одат на меѓународен суд.

Се огласи и Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, кој иронично оцени дека доколку се прифати планот на Маск, „И Алјаска треба да им се врати на Русите“. Таа исто така беше руска, а Путин сака да ги обединува руските земји. Значи, очигледно, САД треба да се обврзат и да им ја вратат Алјаска пред Русија да им објави војна. На некои им е толку лесно да ги контролираат животите и земјата на Украинците“, напиша тој.

После овие коментари, Маск се обиде со поинаква анкета.

„Ајде да се обидеме вака: волјата на народот што живее во Донбас и Крим треба да одлучи дали тие се дел од Русија или Украина“, рече тој.

Маск истакна дека не му е грижа што неговиот предлог се покажа како непопуларен, укажувајќи дека се грижи што „милиони луѓе може непотребно да умрат поради суштински идентичен исход“.

За неговиот предлог досега гласале речиси 760.000 луѓе, од кои 60 отсто не се согласуваат со неговата идеја Украина да биде неутрална, а Крим да биде руски, јави Танјуг.

Ова не е прв „инцидент“ поврзан со Маск и инвазијата. Сопственикот на SpaceX во март изјави дека некои влади, но не и украинската, му наредиле на неговиот сателитски широкопојасен сервис Starlink да ги блокира руските извори на вести и медиуми.

„Нема да го направиме тоа освен ако не сме на нишан. Извинете што сме апсолутни поддржувачи на слободата на говорот“, рече Маск тогаш.

Меѓутоа, во февруари ги стави на располагање на Украина своите сателити „Старлинк“, откако интернетот во земјата беше прекинат поради инвазијата, поради што наиде на предупредување од Русија дека може да стане легитимна цел.

Слични објави

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Астропрогноза за сабота, 27 април: Важно познанство за Лавовите, многу среќа за Скорпиите

еспресо

Среќлии во љубовта: Два хороскопски знаци ќе доживеат возвишена љубов во мај

еспресо

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо
Се вчитува....