12.8 C
Скопје
21:02 - 19 октомври, 2026

„Кога е испровоциран, настанува хаос“: Теа Таировиќ ја открива другата страна од нејзиниот брак

Теа Таировиќ ужива во среќен брак со својот сопруг Иван, а сега откри како функционира нивната врска и што го смета за рецепт за долг и стабилен заеднички живот.

Но, сега таа ја откри и другата страна од нејзиниот брак, како живеат кога камерите се исклучени.

– Емоциите се силни. Јас сум огнена личност и, искрено, тешко е да се има мир со мене – признала Теа со насмевка.

Зборувајќи за својот партнер, пејачката откри дека двајцата совршено се надополнуваат.

– Мојот сопруг е типичен Јарец, цврсто стои на земја, но штом ќе го испровоцираш Иван, настанува вистински хаос. Мислам дека тоа можеби е рецепт за убава врска што трае долго – открила таа.

Теа истакнува дека динамиката во врската воопшто не ги мачи, напротив, верува дека токму тоа го освежува бракот.

– Да беше водата мирна, ќе беше здодевно – заклучила таа за „Екстра ФМ“.

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....