10:14 - 9 ноември, 2026

(Фото) Нема позгодна баба од неа: По долго време, во јавноста се појави Даниела Темелковска

Фолк-пејачката Даниела Темелковска која стана баба пред неполни три години, по долго време се појави во јавноста, на еден настан со посебен повод,  а изгледа подобро од било кога.

Таа на снимањето на новогодишната емисија на „Мерак меана“ заигра заедно со Благица Павловска и со Сузана Гавазова и се гледа дека пејачката која има внука од синот Даниел се негува и вложува во својот изглед.

Даниела Темелковска и Сузана Гавазова Фото / Инстаграм

Во 2022 година во септември, Даниела Темелковска го ожени својот син Даниел кој е исто така музичар, а на својот фејсбук- профил на почетокот од јануари во 2023 таа се пофали дека доби внука и стана баба.

-Колку е убаво чувството кога првпат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива,здрава и среќна внуката Јана, а јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!- објави фолкерката тогаш.

Даниела со синот Даниел Фото / Фејсбук

 

 

Слични објави

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо
Се вчитува....