19:42 - 1 ноември, 2026

(ФОТО) КИМ КАРДАШИЈАН ВО ДИВ МОДЕН ИЗГЛЕД: На ревијата на Баленсијага се појави облечена со жолти ленти

Instagram

По неколку месеци излегување во речиси исклучиво облека на луксузната модна марка „Баленсијага“ (Balenciaga), Ким Кардашијан – инфуенсерка, ѕвезда од реално шоу и мајка на четири деца, минатиот месец објави дека е новото заштитно лице на брендот.

Сега пак, по појавувањето на модната недела во Милано, ријалити ѕвездата се упати кон Париз за да присуствува на повеќе ревии на Париската модна недела.

Вчера Кардашијан ја покажа својата поддршка за колекцијата есен/зима 22 на „Баленсијага“ седејќи во ексклузивниот прв ред на ревијата и појавувајќи се во многу необично модно издание.

Имено, Кардашијан го носеше името на брендот по целата нејзина препознатлива секси фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIO (@giovannaengelbert)

За оваа прилика, Ким го покажа своето женствено заоблено тело носејќи ништо друго освен жолта лента со принт „Баленсијага“, со која беше обвиткана по целото тело, дури до нејзините стапала. А одбра и соодветна чанта во идентичен стил. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

За да го комплетира изгледот, таа носеше футуристички црни очила за сонце. 

А за да го задржи целото внимание на нејзината облека, ријалити ѕвездата одбра и соодвета фризура, косата со „влажни бранови“ ѝ беше залижана наназад, каскадно спуштајќи се по нејзиниот грб.

 

Слични објави

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.
Се вчитува....