19:43 - 1 ноември, 2026

Драматична изјава на Џил Бајден: Секое утро кога ќе пуштам телевизија се молам Зеленски да е жив

Aмериканската прва дама не можеше да ги сокрие солзите од емоциите поради војната во Украина на настанот за собирање финансиски средства во Калифорнија.

„Секое утро кога ќе пуштам телевизија се молам Зеленски да е жив“, беа зборовите на првата дама на САД, Џил Бајден, кажани на настанот за собирање средства организиран од страна на демократите.

Станува збор за мал собир со само 25 учесници, меѓу кои и заменичката на гувернерот на Калифорнија, Елени Куналакис, додека Џил Бајден пристигна после погребот на Ричард Блум, сопругот на калифорниската сенаторка Дајан Фајнстин.

„Телефонот не престанува да ѕвони цела ноќ“, ја опишува Џил Бајден хаотичната ситуација во која, поради руската инвазија, се најде и Белата куќа. „Џо е буден цело време и се обидува да ја разреши оваа криза.“, додава таа.

Џил Бајден се обидела уште повеќе да ги активира соработниците, велејќи дека САД обезбедила милијарди долари за хуманитарни цели и за помош на Украина, но, како што откриваат поединци, таа не делувала премногу сигурно дека тоа ќе обезбеди независност на Украина или ќе спречи трета светска војна.

„И ние самите не знаеме во која насока ќе се движи сето ова, едноставно не знаеме. Сите го воздржуваме здивот од страв надевајќи се дека ќе се најде решение и нема да дојде до светска војна. Звучи неверојатно тоа да ни се случи токму нам“, заклучи Џил Бајден додавајќи дека нејзиниот 79-годишен сопруг е вистинскиот човек за оваа ситуација, особено зашто веќе има искуство со поранешниот Советски сојуз за време на Студената војна, „Чувствувам, а мислам дека и вие го чувствувате истото, дека тој е вистинскиот човек за овој историски момент“, изјави Џил Бајден.

Слични објави

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Алка Вуица се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Жал ми е што не ти напишав повеќе песни“

К.С.
Се вчитува....