15:18 - 8 ноември, 2026

Кијану Ривс призна дека можеби е во брак со Винона Рајдер: „Во божји очи ние сè уште сме во брак”

Актерот Кијану Ривс призна дека можеби е во брак со колешката Винона Рајдер цели 30 години, благодарение на сцената од филмот.

Тоа се случило на снимањето на Дракула на Брам Стокер во 1992 година.

Ривс тврди дека режисерот Френсис Форд Копола направил неверојатна свадбена сцена за филмот, на која имало дури и вистински свештеници.

„Ја направивме целата свадбена церемонија пред камерите, а присутни беа вистински свештеници. Винона рече да, Копола го потврди тоа. Па, изгледа дека во божји очи ние сè уште сме во брак”, рече Ривс.

Инаку, Ривс не е првиот кој го коментира овој настан од снимањето на Дракула.

Рајдер зборуваше за тоа уште во 2018 година.

“Да, всушност се венчавме на снимањето на Дракула. ​​Се колнам, мислам дека сме венчани во реален живот. Копола користеше вистински свештеници во таа сцена. Ја направивме целата церемонија и мислам дека сме во брак”, изјави Винона своевремено.

Ривс и Рајдер, независно еден од друг, признаа дека некогаш биле вљубени еден во друг, но тоа било пред многу години.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....