2.8 C
Скопје
05:00 - 24 октомври, 2024

(Видео) Кевин Спејси низ солзи изјави дека останал без пари и куќа: „Не сум сигурен каде ќе живеам сега“

Актерот Кевин Спејси гостуваше во емисијата „Нецензурирано“ на Пирс Морган каде низ солзи откри дека останал без пари поради низа тужби за сексуален напад.

На прашањето на Морган каде живее моментално, Спејси рече дека повеќе нема постојан дом и дека нема речиси ништо на своето име.

„Оваа недела куќата во Балтимор во која живеев беше продадена на аукција, па морам да се вратам во Балтимор и да ги префрлам своите работи во складиште. Затоа одговорот на тоа прашање е: Не сум сигурен каде ќе живеам сега“, изјави актерот.

Низ солзи кажа дека нема повеќе пари, но дека сепак успеал да избегне банкрот.
„Сè уште должам многу пари. Многу милиони. Само куќата вреди многу милиони“, рекол Спејси, според „Варајети“.

„Премногу ги користев рацете“

Од првите тврдења за наводното сексуално недолично однесување на Спејси во 2017 година, беа поднесени неколку тужби против оскаровецот. Во 2022 година, поротата во Њујорк заклучи дека тој не го малтретирал актерот Ентони Рап, а следната година британскиот суд го ослободи од обвинението за сексуална злоупотреба на четири лица. Недолго потоа излезе документарниот филм „Spacey Unmasked“ во кој има уште неколку сведоштва за неговото наводно недолично однесување кон млади актери.

Спејси од самиот почеток ги негираше сите обвинувања, но призна дека претходно „претерано ги користел рацете за да ги допира другите на сексуален начин, не знаејќи тогаш дека тие луѓе тоа не го сакаат“.

Запрашан дали тоа го гледа како злосторство, Спејси рече дека отсекогаш бил „нежен со луѓето“.

„Сакате да бидете нежни. Сакате да видите дали тие ќе одговорат позитивно“, рече Спејси.

Морган потоа го праша: „Дали сето било со соглсност на другата страна, или тоа било обид за заведување, кое доколку биде одбиено, по дефиниција станува без согласност?“.

Спејси одговори: „Тогаш треба тие да ти кажат дека не сакаат да го направиш тоа, за да разбереш дека немаш согласност и да престанеш“.

Запрашан дали разбира дека младиот актер може да биде загрижен дека некој со негово влијание би можел да му ја уништи кариерата доколку го одбие додворувањето, Спејси одговори потврдно.
Тој, исто така, рече дека е подготвен да „преземе одговорност“ за некои од неговите минати постапки, кои ги опиша како „лошо, лошо, лошо однесување“, но додаде дека „многу луѓе изнесоа лажни обвинувања“ против него, пренесува Евроњуз.рс.

Викенд среќници: На три хороскопски знаци овој викенд ќе им пораснат крилја

 

 

Слични објави

Брега му дал совет на Сергеј Трифуновиќ: „Бракот не ги решава проблемите“

еспресо

(Фото) Анѓелка Прпиќ има повод за славење: Актерката денеска полни 40 години, честитки доаѓаат од сите страни

Еспресо

Јована Јеремиќ ѝ се нафрли на Тања Савиќ: „Ќе ѝ помогнам да ја наполни полупразната Арена“

еспресо

Жика Јакшиќ изнесе информација за состојбата на Саша Поповиќ: Вака се чувствува неговиот несуден кум

еспресо

Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за насилство, вистинска драма се одвивала во станот, еве што се случило!

Еспресо

Таткото на Лијам Пејн се соочува со срцепарателно чекање пред да го донесе телото на синот дома од Аргентина: Еве ги тажните детали

еспресо
Се вчитува....