17.8 C
Скопје
14:52 - 18 октомври, 2026

Кејт Винслет откри како изгледало снимањето на филмот „Титаник“: Се плашев од режисерот

Работата на големи холивудски филмови често носи голем притисок, а Кејт Винслет тоа го почувствувала за време на снимањето на филмот „Титаник“. Актерката во култниот филм, кој ја прослави низ целиот свет, имала само 21 година кога заедно со Леонардо Дикаприо ја добила главната улога. Во интервју за Los Angeles Times подоцна призна дека снимањето не ѝ останало само во убаво сеќавање.

– Имаше моменти кога искрено се плашев од него – рече таа за режисерот Џејмс Камерон.

Снимањето на филмот било исклучително напорно бидејќи многу сцени се снимале во вистинска вода, а снимањата траеле со часови. Винслет раскажа дека понекогаш работеле од пет часот наутро до еден часот следното утро.

-На сетот секој беше препуштен сам на себе. Моравте сами да се погрижите да фатите малку сон во текот на денот – рекла таа.

Додаде и дека распоредот бил целосно хаотичен:

-Се случуваше да ручаме во два часот по полноќ или да појадуваме во четири попладне.

Актерката посебно го издвои карактерот на Камерон, за кого вели дека создавал голема тензија на сетот.

-Тој е добар човек, но проблемот беше што имаше кристално јасна визија за филмот. Има темперамент каков што не би поверувале – рече таа.

Се присети и дека режисерот често им викал на членовите на екипата, иако смета дека кон актерите бил нешто поблаг затоа што не сакал да влијае врз нивната изведба.
И покрај тешкото искуство, Винслет никогаш целосно не ја затворила вратата за соработка со Камерон. Повеќе од дваесет години подоцна повторно работеле заедно на филмот Avatar: The Way of Water.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....