16:39 - 9 ноември, 2026

Кејт Мидлтон во елегантно издание надополнето со бисери на принцезата Дијана и кралицата Елизабета Втора

Принцот и принцезата од Велс беа домаќини на настанот што се одржа на 8 мај во име на кралот Чарлс, а изборот на модни додатоци на принцезата веднаш го привлече вниманието на јавноста и медиумите.

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, уште еднаш го покажа својот префинет стил и длабоката почит кон кралската традиција на забавата во Бакингемската палата. Посебен акцент стави на изборот на накит со големо историско и емотивно значење, суптилно оддавајќи им почит на двете најважни жени во поновата историја на британската монархија – покојната кралица Елизабета Втора и принцезата Дајана.

Нејзиниот потег беше протолкуван како гест на континуитет и почит кон жените кои пред неа имаа истакната улога во кралското семејство, а реакциите беа исклучително позитивни, со пофалби за нејзината елеганција и промисленост.

За оваа свечена пригода, 44-годишната принцеза избра крем модна комбинација од брендот Self-Portrait, која ја надополни со впечатлив наследен накит. Блесна носејќи ги бисерните обетки на кралицата Елизабета, познати како „Bahrain Pearl Drop Earrings“, како и елегантна троредна бисерна нараквица од дизајнерот Nigel Milne, која некогаш ѝ припаѓала на принцезата Дијана. Овие парчиња накит, кои Кејт со години ги чува во својата колекција, додадоа доза кралска префинетост на нејзиниот безвременски стил.

Бисерите долго време се омилени во кралското семејство и симболизираат мудрост, чистота и елеганција, а кралицата Елизабета беше позната по бисерните ѓердани и обетки кои станаа неизоставен дел од нејзиниот препознатлив стил.

Слични објави

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.
Се вчитува....