21:59 - 29 ноември, 2026

Зорица Брунцлик по тешката битка со здравјето проговори за семејството – „Беа избезумени од страв“

По подолг период на отсуство поради сериозни здравствени проблеми, легендарната пејачка Зорица Брунцлик им се врати на своите работни обврски посреќна и посилна од кога било. Таа за првпат отворено проговори за тешките денови поминати во болница и за големата операција која, како што самата вели, ја извлекла „од рацете на смртта“.

Битката со воспалението на дебелото црево (дивертикулоза) била исклучително критична. Зорица признава дека на почетокот не ја сфаќала ситуацијата сериозно, но кога состојбата се искомплицирала, нејзиното семејство станало нејзин најсилен штит. Сите нејзини деца, од претходните бракови и од бракот со Кемиш, зеле одмори за да бидат деноноќно покрај неа.

„Секогаш јас бев мајката која се грижеше за нив, но овојпат тие ми беа мајки на мене. Беа избезумени од страв, а јас дури подоцна сфатив колку било сериозно,“ изјави пејачката, нагласувајќи дека во овие моменти ја почувствувала најголемата љубов од сите четири деца.

Посебно емотивен дел од нејзиното закрепнување е поддршката од нејзиниот сопруг, Мирољуб Аранѓеловиќ – Кемиш. Тој не се одвојувал од неа ниту за момент додека лежела во болница.

„Мојот Мирољуб плачеше со мене. Машките солзи се најтешки, но неговото присуство ми даде сила да победам. Беше тоа ситуација каде буквално му побегнав на гробарот, и му благодарам на Бога што процени дека сè уште не е мое времето да заминам,“ раскажува Зорица низ емоции.

 

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....