28.1 C
Скопје
11:54 - 10 јули, 2026

Кејт Мидлтон е подготвена да ѝ прости на Меган Маркл: „Нивните деца се во никакви односи“

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се отуѓени од принцот Хари и Меган Маркл речиси четири години, но идниот крал и кралица на Велика Британија се „отворени“ за помирување. За ова пишува Ју ес викли.

Анонимен инсајдер изјави за Ју ес викли,  дека Кејт и Вилијам сакаат да се смират со принцот Хари и Меган Маркл и покрај навредите кои им ги нанеле, а односот сакаат да го поправат пред се поради нивните деца.

„Тие сакаат да ја подобрат врската со Меган и Хари и не сакаат кавгите и студенилото да се се пренесат на следната генерација“, вели извор близок до кралското семејство.

Истиот извор наведува дека истото чувство го делат и Хари и Меган, сакајќи нивните деца да одржуваат добри односи со своите братучеди со кои до сега не се ни виделе.

Првите во редот за британскиот трон, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон се родители на 10-годишниот принц Џорџ, 9-годишната принцеза Шарлот и 6-годишниот принц Луис, а принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се родители на  4-годишниот принц Арчи и 2-годишната принцеза Дијана Лилибет. За жал, од отселувањето на Хари и Меган во САД, децата не се во „никакви односи“, како што пренесува изворот.

Како што е познато, принцот Хари треба да се врати во Обединетото Кралство на 8 мај, на церемонијата на прославата на 10-годишнината од Игрите Инвиктус,  што поттикна шпекулации дека војводата би можел да се сретне со неговиот брат Вилијам и неговата сопруга Кејт, која моментално се лекува од рак.

Сепак, друг извор смета дека таква средба лице в лице најверојатно нема да има.

„Нивната врска останува крајно нарушена“, тврди инсајдерот.

Мидлтон (42) моментално е на третман за рак откако ѝ беше дијагностициран во март. Таа не е единствениот член на кралското семејство со здравствени проблеми, бидејќи кралот Чарлс (75) ја откри дијагнозата на рак во февруари, а Сара Фергусон, војвотката од Јорк, се бори со агресивен рак на кожата.

Слични објави

Кој е поранешниот партнер на Тамара Калиниќ пред бракот со Филип: Три и пол години ја криеше врската, а по раскинувањето го напушти Лондон

Еспресо

Ева Јовановска откри дали се скарале со Миро и зошто престанала да биде дел од „Голден карпет“

apostolova

„Господинот совршен“ по раскинувањето со Маја Шупут рака за рака со згодна русокосата, откри што се случило

Еспресо

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо
Се вчитува....