04:36 - 28 ноември, 2026

„Ќе има кривична казна“: Холандскиот претставник на Евровизија најверојатно ќе биде обвинет поради „инцидентот“ 

Холандскиот претставник на овогодинешната Евровизија, Јост Клајн, кој беше дисквалификуван од натпреварувањето на денот на финалето, најверојатно ќе се соочи со обвиненија, соопшти шведската полиција, пренесува Евроњуз.

Во драматичен потег неколку часа пред големото финале, Клајн беше дисквалификуван поради, како што беше опишано, „инцидент“. Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека 26-годишниот натпреварувач, инаку еден од фаворитите, ќе биде под истрага и нема да може да настапи.

Подоцна беше потврдено дека член на продукциската екипа на Евровизија поднел обвинение против Клајн поради инцидентот.
„Очекуваме дека веројатно ќе има кривично гонење“, изјави Емил Андерсон, началникот на полицијата за шведската телевизија СВТ. Појаснето е дека процесот ќе биде „забрзано кривично гонење“.

„Сидсвенска дејли“, локален весник на Малме, градот каде што се одржа Евровизија, истакна дека вакви кривични дела често водат до парични казни по пресудата.

Освен оваа последна изјава, нема многу информации за што точно е обвинет Клајн.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....