22:34 - 7 ноември, 2026

„Дедо Миша не ни дава да влеземе“: Николина Пишек испрати адвокати во станот во кој живееше со покојниот сопруг

По две години водителката преку суд го доби правото да влезе во станот во Белград, но денеска тоа не ѝ било овозможено.

Николина Пишек доби право да влезе во станот во Белград во кој живееше со сопругот Видој Ристовиќ и нивната ќерка Софија Уна. Таа денеска клучевите од станот им ги дала на адвокатите и извршителите кои во нејзино име се обиделе да влезат во зградата, но тоа не било можно.

Хрватската водителка веднаш се огласи на својот инстаграм-профил со што ја информираше јавноста за проблемите со кои се уште се соочува.

„Во меѓувреме во Белград. Очекувано, но се надевавме на спротивното. Дедо Миша не ни дава да влеземе“м напиша Николина.

Потоа ја објави и преписката со нејзиниот адвокат кој се обидел да влезе во станот:

„Се е заклучено, никој нема да отвори. Следниот пат ќе треба да се справиме со полиција – напиша адвокатот на Никола, на што таа одговорила: „Извонредно, мислам не е така, но Господ ме спаси“.

Да потсетиме, Видое Ристовиќ почина на 7 мај 2022 година во стан во Белград, а на неговата вдовица Николина оттогаш свекорот Витор Ристовиќ познат како Миша гроф не ѝ дозволи да влезе во станот во кој живееше со нејзиниот покоен сопруг. Исто така, тие имаа постојана „војна“ и за вилата во Загреб што ја граделе Николина и Видоје, а која сега ја добила водителката. Таа деновиве се вселува во вилата во Загреб, која неодамна ја заврши.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....