18.8 C
Скопје
01:56 - 27 јули, 2024

„Канjе не би дозволил вака да се однесуваат кон неговите ќерки“: Таткото на Бјанка лут на Вест што ја третира ќерка му како отпад

Таткото на Бјанка Ценсори, Лео, сака да разговара со Канје и да го праша зошто се однесува вака со неговата ќерка: во последно време сите разговараат за провокативните модни комбинации и „голите“ изгледи на Бјанка. Како што истакнува инсајдер за „Дејли мејл“, ова не им се допаѓа на најблиските на Бјанка, но Канје Вест се повеќе ја изолира нивната ќерка од нив.

инстаграм

„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне и да разговара со Канје, да го праша за што размислува кога парадира со Бјанка наоколу како со трофејно пони. Тој сака да го праша Канје што би направил доколку би биле забележани неговите ќерки Норт или Чикаго во јавност полуголи, облечени во безобразни модни комбинации поттикнати од нивните сопрузи“, вели инсајдерот.

„Лео знае дека Канје никогаш не би дозволил ова да им се случи на неговите ќерки, па не разбира зошто ја поттикнува на тоа сопствената сопруга“.

Инстаграм

На таткото на Бјанка исто така не му се допаѓа што Канје ја држел Бјанка што подалеку од нејзиното семејство.

„Тој сака Канје да сфати дека го повредува нејзиното семејство со тоа што ја претвора својата сакана ќерка во ѓубре понудено на пазар. Ниту еден маж не би ја охрабрил жената што ја сака да излезе таква во јавност и на таков начин да се претстави. Тоа не е љубов. Тоа е контрола.” – нагласува инсајдерот за Дејли меил.

Инаку, таткото на Бјанка припаѓа на мафијашко семејство, а неговиот брат го добил прекарот „Ал Капоне од Мелбурн“: тој беше осуден на смрт за убиство, но казната подоцна беше променета во доживотен затвор.

Бјанка Ценсори постојано предизвикува скандали со своите „голи“ модни изгледи, а Канје самиот ужива во тоа. Згора на тоа, парот се прослави со своето непристојно однесување во јавноста, поради што дури и беше побарано да ја напуштат Италија. Сепак, Бјанка секогаш избира пристојни модни комбинации за прошетка со ќерката на Канје, Норт: според гласините, на ова инсистирала поранешната сопруга на Канје Вест, Ким Кардашијан, која не сака да види полугола жена покрај нејзините деца.

Ден претходно Бјанка се појави во јавноста во кратка бундичка преку голото тело и црни најлонски хулахопки – но без долна облека. Оваа фотографија која го обиколи светот може да се нарече најпровокативната во целата модна историја на Бјанка. Ова би можело да доведе до посериозни последици отколку само предизвикување на јавен бес – според француските закони, Бјанка може да се соочи со парична казна до 15 илјади евра или дури и затворска казна за носење такви облеки.

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....