22:21 - 8 ноември, 2026

Јелена Карлеуша ја „погреба“ естрадата: Брутално удри по колешките, „лоша пластика…“

Јелена Карлеуша е позната по тоа што нема влакна на јазикот и секогаш е подготвена да го каже своето мислење. Таа гостуваше во емисијата „Диван шоу“ и во таа прилика доби задача да коментира одредени колеги од јавната сцена.

Некои јавни личности беа жестоко критикувани од неа, додека други ги добија нејзините симпатии.

Теа Таировиќ

„Теа Таировиќ? Дали е ова Бијонсе? Која е оваа? А, Теа Таировиќ. Треба ли да кажам каков фотошоп е користен? Кога ќе ја видам, помислувам на албанска музика, зашто таа обработува албанска музика…Втора и трета асоцијација на неа, нема ни да кажам“.

Александар Радуловиќ Фута

– Не би било паметно да кажам што мислам за овој човек. Марина Туцаковиќ ми беше голема пријателка и би била многу разочарана кога би знаела што прави овој човек во нејзино име. Тоа е сигурно.

Маја Беровиќ

– Фејсап плус лоша пластична операција. Маја. Мојата асоцијација за неа е лошото влијание што нејзината нова пријателка од естрадата го има врз неа.

Дара Бубамара

– Радојка. Сите знаат колку Радојка испадна нефер во еден човечки однос кон мене. Нејзе тоа ѝ е доволно како нешто што вечно ќе ја следи. Жал ми е поради тоа. И посакувам се најдобро и еден ден ќе сфати колку греши.

Аца Лукас

– Аца е легенда. Тој е синоним за хитови и концерти, кариера која трае… Поздрав до него. Секогаш сме ок. Понекогаш ќе тропне нешто набрзина, а потоа се кае. Не можам да му се налутам.

Мира Шкориќ

– Мира е голема кралица и лаф. Женска легенда. Одличен пејач и борец. Стоички, машки и херојски, јавноста тоа не го знае, таа ги поднесува животните удари. Таа пееше такви антологиски хитови. Со гордост можам да кажам дека таа е моја пријателка. Би сакала да го отпеам нејзиниот голем хит „Не сметај на мене“ со Мира.

 

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....