18:49 - 7 ноември, 2026

Јелена Карлеуша гневна поради папарацо снимките на Саша Поповиќ: „Зошто снимате болен човек?“

Веста дека здравствената состојба на Саша Поповиќ е нарушена и дека е на лекување ја потврдија и неговите колеги од продукцијата „Гранд“, а Снежана Ѓуришиќ пред неколку дена откри дека го очекуваат на следното снимање на „Ѕвезде Гранда“.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“успеа да го сними Саша како се шета низ белградските улици, а по објавувањето на емисијата во која ќе се емитува оваа снимка, реагираше поп дивата Јелена Карлеуша.

– Штотуку видов најава за папарацо ТВ снимка на Саша Поповиќ, кој е болен и се наоѓа на сериозно лекување. Зошто ТВ најава? Зошто таа снимка? Кој треба да го види? Гледачи? Разбирам реални шоуа на ТВ, курви, ѓубриња, наркомани, полуумови, ретардирани, тепачки, секс, најлошото го разбирам на малите екрани. Кој сака нека гледа, никој никого не тера, 21 век е – почна Карлеуша, па продолжи:

принтскрин

– Но! Снимка од болен човек и снимка тајно….тоа не ми е јасно! Не ми е гајле дали некој сака да го види – не треба! Не Саша Поповиќ, но никогаш на никого! Разбирате, има граници. Болните не се снимаат, голите не се снимаат без нивно знаење, луѓето не се снимаат на гробишта. И точка. Ајде веќе… – заклучи Јелена на својот Инстаграм.

(Фото) Сериозно е болен: Први фотографии од Саша Поповиќ по излегувањето од болницата во Париз и враќањето во Белград! 

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....