21.8 C
Скопје
09:14 - 1 јуни, 2026

Јањуш се прости од братот кој се самоуби, пораката крши срца: „Барем да се гушневме како некогаш кога желно те чекав…“

Братот на реалити натпреварувачот (моментно е во реалити шоуто „Елита“) Марко Јањушевиќ Јањуш, Михаило, е пронајден мртов во изнајмен стан откако неколку дена не одговарал на ничии повици.

Михаило живееше сосема поинаку од неговите двајца браќа, се бавеше со моделство и особено обрнуваше внимание на своето тело, а беше активен на социјалните мрежи, додека заработуваше од сајтот за возрасни Онлифанс (OnlyFans).

Но, поради експлицитните фотографии и снимки, тој беше мета на хејтери, кои јавно го прозиваат, го клеветеа и му се закануваат со смрт, за што се уште се пишува, а Михаило еднаш зборуваше за тоа отворено на Твитер.

По информацијата за неговото самоубиство, твитерџиите почнаа да се огласуваат и да изнесуваат нови детали за интернет насилството кое со години го трпеше братот на Јањуш. Наводно му се потсмевале, му праќале заканувачки пораки и му зборувале дека ќе заврши во „весниците, поради се што прави“, што може да го посрамоти неговото семејство.

После тоа тој се повлече во себе, со денови не одговарал, а во петокот не се ни појавил на работа, пишува српска „Република“.

Јануш пак синоќа ја напушти Елита откако му е кажано за смртта на братот. Се зборува дека двајцата браќа не биле во контакт со години, но прошталното писмо која ја упати кон братот многумина ги расплака:

„Барем да се гушневме како некогаш кога желно те чекав додека играв во друга земја, кога ти донесов полна торба со слатки, кога ме сакаше најмногу од сите, кога во дубак првпат кажа мама, тогаш јадеше смоки и имаше 10 месеци, а јас и Борис се смеевме, а сега плачеме мил мој…Како само беше немирен, сите те караа, а јас се радував..Се сеќавам кога тргна во прво одделение, само ти се фотографираше со шешир иако беше забрането, и тогаш беше најубав, како сега некому тоа да му го кажам, како јас да го раскажам твојот прв контролен кога немаш ниеден точен одговор, а секој беше точен. Како некому да кажам дека најмногу те сакав…Како да кажам дека кога те носев во зоолошка градина имаше шест години, а јас 16…Како мил мој ова да го преживееме? Како да ти кажам дека душата ме боли, како да кажам колку мислев на тебе, а во душа те чував…Како да го гушнам брат ми и да знаеме дека тебе те нема…Како мил мој кога ќе испратам на мама некој динар да ѝ кажам тебе да ти испрати дел за да имаш…Како мил…Како мил не те гушнав барем за последен пат…Те сакам драг брату – напиша Јањуш.

Слични објави

„Немавме бања, греевме вода за да се избањаме“ – Рада Манојловиќ проговори за детството

Е.А.

(Фото) Секси бикини и скапо вино — Јована Стојменовиќ ужива за сите пари

Еспресо

Хороскоп за 1 јуни: Јарците ќе остварат нови познанства, Рибите ќе имаат мирен ден на работа

apostolova

(Фото) Вељко Ражнатовиќ сподели неодолив семеен момент – неговите синови позираа прегрнати на Калемегдан

Еспресо

Гога Секулиќ завршила во гипс – пејачката доживеала незгода пред настап, еве како се чувствува

Еспресо

Уникатните декорации на „Magic moments“ ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....