10:42 - 9 ноември, 2026

Изабела Јакимова Пан, актерка во подем: Самотничка која одлично глуми есктроверт

Изабела Пан е актерка и едукатор која моментално работи со деца. Вљубеник е во небото и во чистиот воздух, кој тука, во Македонија, тешко го наоѓа. Самотник е кој одлично глуми екстроверт. Во 2020 година талентираната Изабела беше избрана за млад европски амбасадор, во конкуренција од 72 пријавени.

Колку студиите по глума те подготвуваат за реалниот свет?

– Студиите на ФДУ ми помогнаа да научам како да оформам критички став за работите кои ме опкружуваат, кој понатаму во животот се испоставува дека е многу важен. Ме научи да се грижам за сопственото ментално здравје и општо за себе. Ме научи на солидарност и дружба.

Во кој жанр најмногу се пронаоѓаш и зошто?

– Комедија и детски претстави. Некако најмногу ми одат од рака. Подеднакво ги сакам сите жанрови, но овие две, самиот живот ми ги стави под нос и си ги сакам.

Како изгледа креативниот процес позади ликот Супер Вселенко?

– Супер Вселенко е мојот лик кој оди по детски родендени и прави журки! Игрите се претходно напишани, испробани, направени така да можат лесно да се адаптираат во моментот бидејќи секој роденден е различен и децата се различни, затоа морам да имам игри кои лесно можат да се менуваат. Во создавање на концептот многу ми помогна мастер програмата која ја завршувам оваа година ,,Применет театар”. Се трудам игрите да не бидат само забавни, туку и едукативни.

Омилен проект досега?

– Омилен проект досега ми е ,,Мамутот”. Затоа што ми е прв, многу ме измори, но и многу ме научи. Овој проект секогаш ќе има посебно место во моето срце.

Кое е најинтересното нешто што си го научила за себе преку глумата?

– Дека можам да бидам актер и без алкохол.

Слични објави

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

(Фото) Подгответе се за студените денови со стил – погледнете ги најелегантните машки капути во „Капитол“

Еспресо

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо
Се вчитува....