22:32 - 29 ноември, 2026

(Фото) Шерон Стоун го прослави роденденот со силиконски усни: „Ете и јас го направив тоа“

Убавата холивудска дива Шерон Стоун вчера наполни 65 години. Станува збор за безвременскиот секс-симбол кој заведе генерации гледачи и кој доби номинација за Оскар и три номинации за Златен глобус за нејзините изведби на фатална жена. Силна жена, способна да се врати на вистинскиот пат по мозочниот удар, потоа и по срцевиот удар, глумица која исто така се истакна како филантроп и во различни општествени прилики за одбрана на правата на хомосексуалците.

„На шестгодишна возраст сакав да бидам како Мерлин Монро и татко ми ми ја дохрани фантазијата: „Љубов моја, ќе бидеш подобра и повеќе од Монро“, ми рече. Татко ми, работник, ме поддржуваше и охрабруваше во се. Мојата леснотија и самодоверба доаѓаат од моите извонредни родители: скромни, добри, горди работници“- рече своевремено Шерон.

Сега пак, непосредно пред роденденот со фотографија како дува свеќички се потсети на детството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

„Ти благодарам Универзуму за уште едно патување околу сонцето“ – напиша глумицата.

Роденденот глумицата го прослави со могу цвеќе – на масата е впечатлив огромниот црвен букет, веројатно добиен од некого, црвено вино и свеќи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Стоун за роденденот сподели уште една фотографија на која позира како мајмунка, во силно црвени нагласени „силиконски“ усни, правејќи шега на смета на „старлетите“.

„Конечно и јас го направив тоа. За мојот роденден. Бев во Холивуд“ – се мајтапи Стоун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....