15.8 C
Скопје
19:46 - 19 октомври, 2026

Испукан непланиран огномет на концертот на Дуа Липа, три лица се повредени

Дуа Липа на 28 јули настапуваше во арената „Scotiabank“ во Торонто. При крајот на настапот во салата бил запален огномет, поради што концертот бил прекинат малку порано, пишува Си-Ен-Ен.

Како што соопшти полицијата, тројца посетители се здобиле со полесни повреди. Еден од посетителите истакна дека многумина на концертот не биле свесни дека импровизираниот огномет всушност бил непланиран.

„Беше при крај на концертот, а веќе беа пуштени конфети, па мислевме дека тоа е дел од финалето. Тоа не вознемири никого освен луѓето на сцената, но беше страшно“, изјави еден посетител за странските медиуми.

Дуа Липа за немилиот настан се огласи на својот инстаграм-профил.

„Синоќа неовластен огномет беше испукан во толпата за време на мојот концерт во Торонто. Создавањето безбеден и инклузивен простор на моите настапи е секогаш мој главен приоритет, а мојот тим и јас сме шокирани и збунети од ова случување исто како и сите вие. Во тек е истрага и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како се случил инцидентот“, напиша пејачката.

„Многу ми е жал за секој што се исплашил, се чувствувал небезбедно или чие уживање во изведбата беше компромитирано на кој било начин“, додаде таа.

Портпаролот на „Maple Leaf Sports & Entertainment“ рече дека посетителите на сите настани мора да поминат низ детектори за метал пред да влезат во арената. Тој се огласи за инцидентот на концертот на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

„На крајот од концертот во „Scotiabank“ арената, човек од публиката запали нелегален огномет на подот на арената. Како резултат на тоа, три лица беа полесно повредени, но заминаа дома без потреба за дополнителна медицинска помош“, велат тие. Истрагата е во тек.

Дуа Липа моментално е на турнејата „Future Nostalgia“, каде што го промовира својот истоимен албум. Турнејата требаше да започне во 2020 година, но беше одложена поради пандемијата. Турнејата на Дуа Липа е предвидено да трае до ноември со финален настап во Австралија.

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....