10.8 C
Скопје
21:44 - 19 октомври, 2026

Исчезнало кучето на Парис Хилтон, таа aнгажирала детективи и јасновидци да го најдат: „Дајмонд ми беше како ќерка!“

Дајмонд Бејби, кучето на Парис Хилтон исчезнало пред неколку дена, а таа е очајна.

Парис не сакала да ја сподели веста на социјалните мрежи, но сепак го направи тоа бидејќи се надева дека некој ќе и помогне да го најде саканиот миленик.

– Ова ми е неверојатно тешко да го објавам бидејќи останав без зборови. Дајмонд Бејби го нема никаде од минатата среда. Семејството и пријателите ми помогнаа да го обиколам целото маало, одевме од врата до врата, но не ја најдовме – напиша таа, а потоа продолжи:

– Ангажиравме детектив за домашни миленичиња, шептачи на кучиња, јасновидци за миленици и го проучувавме следењето на кучиња со помош на дронови. Правам се што е во моја моќ да ја вратам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Хилтон призна дека е депресивна и постојано плаче и дека ќе ја разберат само оние кои доживеале загуба на домашно милениче.

– Се чувствувам како да недостасува дел од мене и ништо не е исто без неа. Таа ми е се, како ќерка. Бевме неразделни, таа ми беше најдобра пријателка и секогаш покрај мене – напишала Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Како што истакнала, се плашела да ја објави веста за исчезнувањето на нејзиното сакано куче бидејќи луѓето знаат да бидат сурови, но сега е очајна и само сака да ја најде. На крајот од објавата, таа напишала мејл каде луѓето можат да ја контактираат доколку имаат некаква информација, за што таа ќе ги награди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....