09:32 - 28 ноември, 2026

Игор Којиќ го прошири приватниот бизнис – од спортскиот менаџмент заплови во сосема поинакви води

Игор Којиќ, синот на Драган Којиќ Кеба, летово започнал приватен бизнис – трговија со недвижности, пишува Мондо.

Игор е поранешен фудбалски голман, а до неодамна неговата главна професија беше спортски менаџер. Сепак, следејќи го примерот на колегите, тој решил да се обиде и во друга сфера, а тоа е препродажба на недвижности.

Според српските медиуми, Игор за кратко време успеал добро да се снајде во новиот бизнис, па затоа ја проширил својата понуда на недвижности и во Хрватска. Станува збор за вила на загрепската Шалата, но и за куќа на проморјето, поточно во Пореч, Примоштен.

Меѓу големиот број недвижности што Којиќ ги нуди на пазарот, се издвојува новиот белградски станбено-деловен комплекс на Бежаниска коса, каде што тој на купувачите им обезбедува посебни услови за купување, односно нула проценти провизија.

Како што може да се види на неговата веб-страница, како и на социјалните мрежи, портфолиото на Игор главно вклучува куќи со голема квадратура и луксузни локации во српската престолнина, од претходно споменатите Бежаниска коса, Дедиње, Дорќол, па до Врачар, но и на периферијата на градот.

Покрај продажбата на станбените единици, можно е и нивно издавање под наем.

Покрај успехот во бизнисот, Игор има среќа и во љубовта, па по разводот со Софија Дачиќ, повторно е вљубен.

„Трета среќа, првиот пат Бог помага“, рече Игор, додека Кеба истакна дека му се допаѓа новата избраничка на неговиот син.

Слични објави

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо
Се вчитува....