01:40 - 29 ноември, 2026

Хит на денот: Гледач во програма му кажа на Роберт дека направил песна за него и за Милена

Контактните програми на македонските канали не престануваат да изненадуваат. Многу често од овие јавувања произлегуваат гафови и смешни моменти коишто стануваат вирални.

Овој пат, вниманието ни го привлече момент којшто се случи пред неколку дена на Канал 5 телевизија, во рамките на утринската програма. Познатиот водител Роберт Јанков во разговор со еден од гледачите коишто му се јави слатко се изнасмеа.

Гледачот го праша дали ја видел песната и откако го повтори ова неколку пати конфузно бидејќи Роберт не можеше да разбере за што станува збор, на крајот тој објасни дека на Фејсбук си објавил песна која тој ја направил за Роберт и Милена.

„Ама ти не можеш да ја видиш песната, а Милена веќе ја виде. Ти не си ми пријател на фејсбук и затоа не можеш да ја видиш. Инаку е многу убава песна, кога сте биле млади. Знаеш кakoв си со коса?, му рече гледачот на Роберт.

Водителот слатко се изнасмеа и тргна да ја најде песната  на лаптоп и во текот на емисијата, но не успеа.

На официјалната објава на Инстаграм од Канал 5, стои:

„Го бараме господинот кој ја напиша песната за Роберт и Милена – нека ни се јави и нека ни ја испрати.“

Дали е ова хитот на денот?

Instagram

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....