20:21 - 10 ноември, 2026

(Фото) Драма во домот на Лепа Брена – пејачката и нејзинот син Виктор барале помош, нуделе и награда

Лепа Брена и нејзиниот син Виктор Живојиновиќ објавија на социјалните мрежи дека го изгубиле своето милениче.

Нивниот папагал одлетал од семејниот дом на Бежанијска коса, а тие понудија награда за секој што ќе помогне да се пронајде.

Виктор се огласи на мрежите, а Брена ја сподели истата објава.

– Изгубена птица на Бежанијска коса. Ве молиме секој што ќе ја види или ја најде да нè контактира. Има награда за секој што ќе ја пронајде или ќе даде информации што водат до нејзино пронаоѓање. Ви благодариме на сите за вашата помош – напиша тој, а потоа ја сподели добрата вест:

– Птицата е пронајдена. Ви благодарам од срце на сите пријатели, познаници и добри луѓе што ја споделија објавата, одговорија и ми дадоа поддршка. Вие одговоривте во навистина голем број и тоа ми значеше многу во овие моменти. Ви благодарам за секое споделување, порака и труд. Уште еднаш покажавте колку заедништвото и добрата волја можат да направат разлика – напиша Виктор.

„Џоли пронајдена по 9 часа“, напиша девојката што го сними спасувањето на птицата.

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....