23.8 C
Скопје
22:30 - 8 септември, 2026

„Се надевам дека следниот пат ќе си ја најдам колата на дрво“: Весна Петрушевска повторно се пошегува на своја сметка по нов инцидент со колата

Весна Петрушевска-Бејби на Инстаграм сподели дека непознати сторители го отвориле нејзиниот автомобил во Дебар Маало.

Актерката, во нејзин препознатлив стил, со доза сарказам и хумор раскажа дека иако уредно си платила паркинг, некој очигледно решил да ѝ испрати „порака“ дека паркирањето не ѝ е силна страна.

„Ако сакате да се паркирате во Дебар Маало, нема проблем. Јас се паркирав уредно, си платив паркинг-место и, верувале или не, на враќање, јас и Мина си ја затекнавме колата со четири врати отворени!
Дали тоа беше опомена дека можеби сме се паркирале на погрешно место? Затоа што, знаете дека нешто паркинзите не ми одат многу од рака. Но, следниот пат се надевам дека на дрво ќе ја најдам колата. Сите врати ми беа отворени. Ништо не зеле луѓето, ама веројатно така си рекле: ’Ти тука, девојче, не можеш да паркираш!‘“, рече Весна на Инстаграм, пишува Слободен печат.

За среќа, инцидентот поминал без материјална штета или кражба.

Дека паркирањето на Весна Петрушевска има своја историја, говори и инцидент кој се случи во 2017 година.

Во декември 2017 година, автомобилот на актерката заврши во реката Вардар. Додека Весна беше на проба во Македонскиот народен театар, нејзиниот автомобил, паркиран на приодот зад театарот, почнал сам да се движи по удолницата. Возилото ја пробило заштитната ограда и паднало директно во реката.

За среќа, автомобилот бил празен, па немаше повредени, а возилото подоцна беше извлечено со специјален кран.
По таа непријатна случка, Весна со денови си тераше шега на своја сметка, изјавувајќи дека „на нејзиниот автомобил едноставно му било топло и сакал да се капе во Вардар“. Петрушевска дури сними и реклама на слична тема.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....