22.8 C
Скопје
14:45 - 28 септември, 2026

„Цела година не сум земала ниту едно евро“: Драгана Мирковиќ откри дека поради хуманитарните концерти останала без заработка

Фолк-ѕвездата Драгана Мирковиќ отворено зборуваше за разводот од Тони Бијелиќ, за поддршката што ја добила од своите деца, но и за периодот кога поради хуманитарната турнеја останала без приходи.

Таа откри дека последната турнеја целосно ја посветила на хуманитарни цели, поради што цела година не заработила ниту едно евро.

„Последната турнеја ми беше хуманитарна. Еве, да кажам, една година не сум земала ниту еден динар! Односно, не сум земала ниту едно евро! Цела година, навистина цела година!“

Пејачката истакна дека со средствата од концертите им градела куќи на луѓе на кои им била потребна помош.

„Им градев куќи на луѓето и поради тоа спијам мирно“, изјави таа.

Во претходно интервју за „24сата“, Мирковиќ откри дека во тој период не добила финансиска поддршка ниту од тогашниот сопруг.

„Во моментов немам пари, сè отиде за хуманитарните концерти. Тоа лесно може да се докаже. Во моментов готовината за мене е само поим. Никој не ми помага, ниту мојот сопруг! Тој смета дека тоа беше моја одлука. Мажите се малку поладни кога станува збор за такви работи“, изјавила тогаш пејачката.

Мирковиќ повторно се осврна и на разводот, признавајќи дека токму во тој период сфатила колку е силна.

„Не знаев колку сум силна личност. Мислев дека сум нежна, но сум многу посилна отколку што мислев. Сфатив дека сум посреќна сама со моите деца“, рече таа.

Пејачката нагласи дека одлуката да го прекине бракот не ја донела лесно, бидејќи по природа е трпелива и лесно простува.

Таа откри и дека најголемата поддршка ја добила од своите деца, Марко и Мануела, кои ја охрабриле да го направи последниот чекор.

„Марко и Мануела ми рекоа: ‘Мамо, ајде да одиме’. Тогаш поднесов барање за развод“, изјави Драгана Мирковиќ.

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....