19:02 - 8 ноември, 2026

Возачот осомничен за смртта на братот на Дарко Лазиќ пуштен од притвор: Познати нови детали од истрагата

Истрагата за тешката сообраќајна несреќа во која на 11 март годинава во селото Белотиќ, кај Владимирци, загина Драган Лазиќ (32), родениот брат на фолк-пејачот Дарко Лазиќ, продолжува со нови процесни дејствија. Осомничениот возач В. К. (62), за кого се сомнева дека ја предизвикал несреќата, е пуштен од притвор, а судот му ја одзел возачката дозвола како привремена мерка.

Од Основното јавно обвинителство во Шабац потврдија дека на В. К. му е изречена мерка за привремено одземање на возачката дозвола.

„За осомничениот В. К. не е определена мерка за обезбедување на неговото присуство, туку со решение на Основниот суд во Шабац е изречена мерка за привремено одземање на возачката дозвола“, соопштија од обвинителството.

Од Обвинителството информираа и дека истрагата сè уште е во тек.

„Во тек е преземање доказни дејствија против В. К. Досега е сослушан осомничениот, испитани се сведоци, а во моментов се спроведува сообраќајно-техничко вештачење“, соопштија од Основното јавно обвинителство во Шабац.

Трагедијата се случила околу 17 часот, кога Драган Лазиќ со мотоцикл се движел од правец на Шабац. Според сомнежите на истражните органи, В. К., управувајќи патничко возило од марката „Цитроен“, при свртување кон спореден пат му го пресекол правецот на движење, по што дошло до силен судир. Лазиќ им подлегнал на тешките повреди на пат кон болница.

 

Слични објави

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо
Се вчитува....