10:43 - 7 ноември, 2026

ХБО ќе му го исплати цел хонорар на Милош Биковиќ: Еве кому ќе ги даде парите

Иако нема да има соработка меѓу продуцентската куќа HBO и актерот Милош Биковиќ во третата сезона на серијата „Белиот лотос“, тој ќе биде целосно исплатен како да играл во неа, пишуваат српските медиуми.

Ликот што требаше да го игра Милош Биковиќ требаше да биде во шест од вкупно осум епизоди од новата сезона на оваа популарна ТВ серија.

Сепак, актерот реши целата сума што ќе му ја плати HBO да ја насочи во хуманитарни цели, за да им помогне на младите да се образуваат и професионално да се усовршат.

– Како што кажав и претходно, ми беше голема чест што бев поканет да работам со Мајк Вајт во ваква серија. Мотивот за учество во ваков проект беше чисто актерски и уметнички предизвик. Бидејќи нема да се реализира, хонорарот што би го заработил сакам да го насочам кон оние кои утре ќе не претставуваат во светот, потврди Биковиќ.

Да потсетиме, Биковиќ беше нападнат од Министерството за надворешни работи на Украина, кое го нарече „актер на Путин“ и го обвини за „поддршка на геноцид и кршење на меѓународното право“.

Тогаш беше објавено и монтирано видео на кое беа прикажани делови од филмските улоги на Биковиќ и реплики од сценариото со неговите изјави за Русија и потсетување на наградите што ги доби во Москва и Белград.

 

 

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....