6.8 C
Скопје
03:30 - 20 октомври, 2026

Хари и Меган ќе снимаат романтични комедии: Дали и принцот ќе стане глумец под „капата“ на Маркл, или само – сценарист

Принцот Хари и Меган Маркл ‘ќе престанат да снимаат документарни филмови за да се посветат на романтични комедии, ова го пренесува британски Мирор.

Според изворот, Војводите од Сасекс се подготвени да се откажат од документарните филмови базирани на нивниот живот и на животот во кралското семејстви, со цел да се фокусираат на лесни и пријатни сценариски проекти.

„Ќе стават поголем фокус на измислените содржини со сценарио. Тоа ќе бидат романтични комедии, смешни, пријатни и лесни програми “, прецизира инсајдерот.

Меган Маркл во минатото постојано зборуваше за љубовта кон романтичните комедии. На прашањето на Variety за нејзиниот идеален проект за „Арчевел“, Меган одговори:

„Луѓето сакаат љубов. Јас не сум исклучок. А мојата дефиниција за љубов е многу широка: љубов кон партнерот, љубов кон себе, љубов кон општеството и семејството. Тоа го користиме како основа за емисиите и документарните филмови што сакаме да ги објавиме“.

Во септември 2020 година, принцот Хари и Меган Маркл потпишаа 5-годишен договор со Нетфликс за производство на документарни, играни филмови и серии. Зделката беше проценета на 100 милиони долари, Нивната дебитантска работа беше документарната серија „Хари и Меган“, посветена на историјата на нивната врска и животот на двојката откако тие поднесоа оставка од кралските овластувања.

Војводата и војвотката од Сасекс моментално продуцираат уште еден документарен филм на Нетфликс за светските лидери насловен „Live to Lead“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....