03:06 - 8 ноември, 2026

Хана Хуљиќ сподели радосна вест, но на сите им падна в очи еден детаљ кој мудро го крие од венчавката

Хана Хуљиќ објави вест на социјалните мрежи по што следеа пофалби и честитки.

„Многу сум среќна што мојата композиција „Dies Irae“ од денеска е достапна на ЦД и на сите дигитални платформи, заедно со „Misa Mediterana“ и „Ave Maria“ од Тончи Хуљиќ, кои уживав да ги пеам“, напиша Хана во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

Сепак, еден интересен детаљ не помина под радарот на фановите.

На една од фотографиите многумина забележаа дека Хана на презимето Хуљиќ го додала презимето Грашо, што ги заинтригира сите бидејќи не се знаеше дали по венчавката го земала презимето на својот сопруг, или не.

Петар Грашо во петокот одржа концерт во Белград, а друштво му правеше и Хана.

– Многу ми значи поддршката на Хана. Тончи е гостин, но не е навистина гостин, тој е локален, фамилијарен. Без него немаше да бидам тоа што сум – им порача Грашо на насобраните новинари пред излегувањето на сцената, откривајќи кој ја чува нивната ќерка Алба.

– Ја чува мама, но ние секогаш ја имаме поддршката од нашите баби, како и сите други. Сега е борба за неа – се насмеа Грашо.

На неговиот концерт во Белград присуствуваа и Викторија Раџа и Николина Пишек, и неговата колешка од Белград Јелена Томашевиќ со сопругот Иван Босиљчиќ, водителката и писателка Весна Дедиќ, кошаркарот Дејан Томашевиќ и тенисерот Филип Крајиновиќ…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hana Who (@hana.huljic)

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....