14.8 C
Скопје
22:18 - 2 мај, 2024

Ѓорѓе Давид детално за емоциите по фаталната несреќа: „Нешто ме јаде однатре, ослабнав пет килограми“

Откако одржа прес-конференција на која за првпат зборуваше за сите детали од кобната несреќа во која учествуваше, Ѓорѓе Давид ја отвори душата за „Гранд“ и детално раскажа како се чувствувал во првите моменти кога се случил немилиот настан и што прво направил кога се вратил во Србија.

Што беше првото нешто што го направи кога дојде во Србија по овој немил настан?

„Прво секако отидов да го видам детето и да ја видам Ана и да се уверам дека се добро. Тоа е нешто што некако ме смири. И секако, се сретнав со луѓето од бендот, поточно со Томи… Звучи глупаво, но пред се се сретнав со самиот себе. Зборувајќи за мојата ментална состојба, утрото откако се разбудив во Белград, налетав на некои работи наречени одвлекување на вниманието: вклучување машина за миење садови, вклучување машина за перење, менување песок за Лалет, сечење на ноктите на Лалет, отворање на поштенското сандаче да видам што е со сметките, што треба да се плати итн. Договарање со кандидатите кога ќе имаме проби и секако контакт со адвокати и се што е моја задача, што треба дополнително да подготвам како податоци, односно фактите што треба да им ги дадам. Почнувајќи од фотографиите на автомобилот, хартијата со тој некој технички преглед што го направи Македонскиот автомобилски сојуз и кој е кај мене. Тоа значи дека треба да однесам кај адвокатот во Македонија. А мојот адвокат овде, Никола, треба да направи некои други работи и тие двајца да бидат во врска“.

Тоа ти е работа, ти живее од тоа?

„Секако, а потоа и не знам дополнително. Сега одам на потсрижување, одам ваму или онаму. Воглавно некаде се обидуваш како да си ОК, да е вратиш во некоја природна состојба“.

Дали е тоа преносачување на вниманието од самиот себе?

„Не, тоа е механизам на чување на главата од се ова што се случи“.

Како успеваш да најдеш сила и да одиш напред, дали ти помогна психологијата која ја студираше, во одреден момент?

„И оваа работа која ја работам. Нон стоп си во контакт со луѓе, долго сум во се тоа, веќе знаеш каде се твоите ресурси и џебови во главата, во душата. Тоа е едноставно нешто што морам да го правам, зашто животот не чека ни работата не чека“.

Дали во еден момент, кога излета од автопатот, се исплаши за својот живот?

„Не, немате време да размислувате за тоа. Гледаш, кога излетав од патот, правиш сè за да се обидеш да останеш во еден дел. Ти не размислуваш дали ќе загинеш, или умреш или што било, туку јас размислував н атоа да не налетам на уште нешто друго или некој друг. Кога автомобилот дефинитивно застана долу, само почнав да размислувам што прво треба да направам… Ги зедов документите, го зедов паричникот, телефонот, клучот од колата и погледнав да видам дали има нешто друго што треба да земам со себе бидејќи почнав да размислувам што треба да имам со себе. Затоа што знам дека сега следува истрага, средба со органите на редот, со сообраќајни службеници, итните служби, истражители, луѓе кои се инспектори или од обвинителството. Мислам дека и покрај се бев многу присебен. Сето ова е едноставно верижна реакција која е сосема нормална“.

Во тој стрес загуби пет килограми?

„Тоа се гледа по ременот. Јадеш се нормално, но нешто однатре те јаде, тоа ти е јасно…Мислам дека не постои различка меѓу индиректното и директното. Важно е само кога ќе ти се случи директно или индиректно д абидеш виновник поради што некој загубил живот, а не си имал намера, тоа е работа која доста јаде однатре. И некаде те дезоријентира и емотивно, а очигледно и физички. Ќе се обидам во следниот период макимално да се посветам на себе, да почнам со физички активности зашто сметам дека тоа е многу поврзана работа. Дека психофизичката енергија е работа која една без друга не оди. Мислам дека во овој момент мене тоа ми е многу важно. Ќе се обидам да се вратам и на некои класици од типот на Шекспир, на него често се навраќам и често во животот сум го спомнувал, зашто тој според мене е можеби и најголем пророк. Во неговите дела можеш да најдеш секакви нешта кои се случувале и  во 20. век, и ќе се случуваат“.

Во обраќањето кажа и дека еднаш месечно ќе треба да одиш во Македонија?

„Тоа е точно. Тоа е нешто што е едноставно условување што мора да се исполни во целата оваа постапка. Луѓето велат: „Имаш документи, слободен си“, не, јас воопшто не се чувствувам слободен. Ќе се чувствувам слободен во таа смисла кога ќе заврши тој процес. Нема да биде готово за еден месец, да кажам уште сега, дај Боже да биде готово за половина година. Ќе трае, но дури кога ќе заврши тој процес каде што официјално ќе ми биде дадено решение на хартија, дај Боже да немам никаква одговорност да носам во сето ова, ќе се чувствувам слободен ако таква одлука се донесе“.

Неколку пати нагласи дека сакаш лично да му изразиш сочувство на семејството на починатата, зошто?

„Мислам дека тоа е сосема нормална човечка потреба, бидејќи се што се случи не се случи поради моја неодговорност. Таму ми кажаа дека се работи за несреќен случај со смртен исход во кој сум бил учесник. Како и да звучи, кажано на едноставен јазик, удрив жена која умре од тој удар. Постои таа приказна што му претходеше на сето тоа, но тоа е нешто што ме мачи и навистина дадов се од себе за тоа да го избегнам. За жал, тоа не беше можно“.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....