17.8 C
Скопје
19:21 - 18 октомври, 2026

(ФОТОГАЛЕРИЈА) 25 години од првиот концерт на Фолтин

Фолтин, својот четврт век постоење викендов го одбележа со концерт на истата локација, на античкиот локалитет Хераклеја, каде што точно пред 25 години започна приказната за оваа музичка петорка од Битола, која се стекна со светска слава.

Концертот беше музичко патување низ сите албумски изданија на овој бенд, а е завршница на низата промотивни концерти кои Фолтин летово ги имаше низ Македонија и во странство, како дел од промоцијата на последниот албум “Симултан бакнеж”.

Под ведро небо, на полна месечина, пред илјадна публика, и оние кои од почеток се почитувачи на музиката на Фолтин, но и многу нови генерации уживаа во тој музички омнибус кој само потврди дека овој бенд ќе остане со епитетот нај арт бенд на овие простори.

– Човек е роден да памети. Роден со дарба за сеќавање. А добрите спомени го вадат најдоброто од нас. Ги чуваме за да нé крепат подоцна, да нé потсетат на тоа што ни недостасува, на тоа што веќе го нема, а ние не можеме без него. Затоа, добрите спомени се слават.

Љубена битолска публико, заедно го прославивме сеќавањето на нашиот прв самостоен концерт со авторска музика, одржан на 16 август 1996 година, во Хераклеа. На овој 21 август, можевме да заклучиме само едно- четврт век е кратко за еден живот, но значајно долго за музички бенд и неговата верна публика, велат Фолтин.

Фото галерија од концертот е на фотографката Кети Талевска.

Слични објави

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо
Се вчитува....