19:17 - 7 ноември, 2026

(Фото) Зорана ја покажа празничната идила: Вака го украси својот луксузен стан во Холандија

Популарната инфлуенсерка Зорана Јовановиќ им ја претстави на следбениците својата новогодишна елка, која овој пат навистина ги воодушеви сите.

Во декорацијата доминираше нежно розовата боја, а меѓу украсите најмногу се истакнуваа елегантни рози. На врвот блескаше голема, раскошна машна која совршено го заокружи овој романтичен и впечатлив празничен амбиент.

Како што неодамна раскажа Зорана, имала непријатност во авионот, уште од влегувањето имала проблем со еден патник кој, според неа, подоцна ѝ ги зел и нејзините работи.

„Летот полн до последно седиште, требаше да полетаме во 10:45, а полетавме во 11:30. Буквално бев исцрпена. Приоѓам до моето седиште – некој постар човек седи до прозорецот, не зборува англиски. Моето седиште е до пролаз. Ги вадам работите што ми требаат, доаѓа девојка и ми вели: ‘Јас сум до прозорец!’ Постариот станува, не може да се помести, пола час ја бара картата, не ја наоѓа. Хаос, луѓето чекаат, а јас веќе на раб на нерви затоа што ни јас не можам да седнам,“ раскажа Зорана во својот влог, па продолжи:

„Го ставам телефонот на полнач и се обидувам да заспијам. Мажот станува да оди во тоалет, тоа трае, цело време зева, прави звуци, мљацка. Во еден момент, додека станувал, го удри кабелот, го извади од приклучок и си замина. Повторно заспав, а кога се разбудив – го нема полначот. Нема го на под, нема никаде. Ми го земал. А беше стар, два метра долг и цел расипан. И онака ќе морав да купам нов,“ кажа јутјуберката видно изнервирана.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....