23.8 C
Скопје
15:29 - 29 септември, 2026

ФОТО+ВИДЕО/ Звучи неверојатно, но изгубениот планинар буквално се вратил од мртвите: Срцето не му чукало 45 минути!

Планинарот Мајкл Напински (45), кој беше спасен откако се изгуби во текот на ноќта во американскиот Национален парк „Маунт Рајнер“, се вратил во живот и покрај тоа што срцето престанало да му работи и не му чукало 45 минути.

Напински се изгубил пред десетина дена, кога температурите биле многу ниски.

Со пријателот отишол на планинска прошетка на 7 ноември, но во еден момент решиле да се разделат. Пријателот тргнал со скиите да се спушта по удолницата, додека Напински продолжил да пешачи. Тие се договориле да се сретнат во подножјето.

принтскрин/Youtube

– Бев мошне блиску до крајот на патеката кога временските услови се влошија и во еден момент не можев да видам ништо. Не сум сигурен што се случи потоа. Мислам дека паднав – се присетил Напински за „Сиетл тајмс“.

Кога не пристигнал на договореното место, неговиот пријател ги известил ренџерите кои започнале со потрагата. Поради лошите временски услови, хеликоптерот не можел веднаш да полета. Сепак, спасувачката екипа во хеликоптерот по извесно време успеала да полета и конечно да го пронајде по еден час. Тој бил пренесен во болницата во бесознание, но имал пулс. Но, наскоро срцето престанало да му чука.

– Умре додека беше во ургентниот центар, поради што бевме во единствена ситуација да примениме сè што ни стои на располагање за да се обидеме да му го спасиме животот – рекла д-р Џанел Бадулак.

принтскрин/Youtube

Лекарите го реанимирале и го приклучиле на апарат ECMO, кој му ја пумпал крвта од телото во белите дробови и срцето, овозможувајќи на тој начин размена на гасовите и одржување на крвотокот во телото.

По 45 минути, срцето на Напински повторно почнало да чука, а два дена подоцна тој се разбудил.

Иако сè уште закрепнува бидејќи неговите бубрези не функционираат правилно, неговото срце и понатаму се бори да ја циркулира крвта низ телото, а има и смрзнатини, лекарите сметаат дека целосно ќе закрепне.

принтскрин/Youtube

– Тој се врати од мртвите. Можеби не е најпрецизно медицински да се каже, но неговото срце не чукаше 45 минути. Едноставно е неверојатно – рекол началникот на одделот за интензивна нега, д-р Саман Арбаби.

Слични објави

„Ќе заминам на планина и повеќе нема да ме видите“: Адам Адактaр ги изненади сите

Е.А.

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо
Се вчитува....